1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Германците се изразито дебели

28 декември 2018

Повеќе од половина од Германците имаат прекумерна тежина - само една прошетка низ супермаркет и станува јасно зошто. На политиката ѝ паѓа тешко да ја натера прехранбената индустрија да продава поздрави производи.

https://p.dw.com/p/3ARPZ
Zunehmen
Фотографија: Colourbox

Проблемот што ѝ е заеднички на половина Германија тежи околу 400 грама и е екстремно скап. Предизвикува лиги со топен кашкавал, лута салама и крцкаво тесто. Брзо посегање по замрзнувачот и најомиленото јадење прво се наоѓа во корпата, а потоа и во рерната или микропечката и конечно на чинија. Проблемот што го дели половина Германија се вика замрзната пица.

„Таква пица, во најлош случај уште и со раб полнет со кашкавал, се всушност два оброка за еден возрасен. Половината целосно ја покрива потребата од калории. Но, кој ли јаде половина и ја замрзнува останатата?" се прашува Габриеле Јантур.

Ако прошетате со жената која работи во Службата за заштита на потрошувачите низ тесните ходници на супермаркетот, брзо ќе сфатите зошто 52 проценти од Германците се со прекумерна тежина, а тенденцијата е растечка.

„Порциите се преголеми и податоците за содржината на калории неразбирливи и скриени. На задната страна од пакувањето пишува 266 килокалории. Ама тоа се однесува само на 100 грама!“ Во стандардната пица од 400 грама има преку 1000 килокалории. Вистинска бомба!

Ernährungsforum Bonn
Заштитничката на потрошувачите Габриеле Јантур од индустријата бара подобро обележување на производите кои содржат шеќер и мастиФотографија: DW/O. Pieper

Тешка мисија за Јулија Клекнер

Во индустриските земји многумина не можат да ѝ одолеат на замрзнатата пица. На светот во моментов има повеќе луѓе со прекумерна тежина отколку неухранети. Последиците се фатални: зголемен ризик за кардиоваскуларни заболувања, нарушен метаболизам и дијабетес. Срцев инфаркт и мозочен удар се многу поверојатни, како и прерана смрт. Политиката бара решение на проблемот, особено преку едукација и превенција. Во Германија за тоа е одговорна Јулија Клекнер.

Политичарката од редовите на ЦДУ од март годинава е министерка за исхрана, земјоделство и заштита на потрошувачи. Самото име на институцијата покажува дека Клекнер е речиси пред невозможна мисија - од една страна да ги штити правата на потрошувачите, а од друга страна да ги застапува интересите на прехранбената индустрија. Клекнер со повеќе бранши договори до 2025 година содржината на шеќер, масти и сол во готовите производи да биде намалена. Но, таа исто така е свесна дека и младо и старо ќе се хранат поурамнотежено само ако цената е во ред.

„Во нашите многубројни иницијативи во училишта и домови за сениори забележавме дека здравата храна може да биде и подобра и поевтина.“ Не е како во времето кога Клекнер била студентка. „Најевтино јадење во мензата тогаш беше кари колбас со помфрит, а најскапо салатата. Никогаш веќе не смееме да се вратиме на тоа ниво!"

Deutschland PK Julia Klöckner in Berlin
Министерката Јулија Клекнер со повеќе бранши договори до 2025 година содржината на шеќер, масти и сол во готовите производи да биде намаленаФотографија: Reuters/H. Hanschke

Потребна е класификација

Дарио Сармади има идеја како да го спречи тоа. „Производството на пијалоци со големо количество шеќер треба да платат такса и со тоа да се поттикнат да развиваат поздрави рецепти“, бара експертот за исхрана на организацијата „Фудвоч“. Во Велика Британија производителите уште од април имаат обврска да платат такса за шеќер за пијалоците со висок степен на засладувачи. „Поради тоа Кока Кола ја промени рецептурата по која го изработува пијалокот и продава лимонада со помало ниво на шеќер. Германската влада мора да се освести. Тука треба да се вброи и начинот на кој производителите ги рекламираат производите. „Три од четири рекламирани производи за деца се шеќерни бонбони или мрсни грицки."

Infografik Übergewichtige in Deutschland
Луѓе со прекумерна тежина во Германија во 1999 и во 2017 година

Пред сѐ мора да се воведе класификација на прехранбените производи во Германија: црвено за повисок степен на маснотии, шеќер и сол, жолто за толерантно ниво на овие состојки, и зелено за ниско ниво, односно здраво ниво. Само, Европскиот парламент го офрли овој предлог. „Госпоѓа Клекнер и покрај ова може да воведе вакво нешто во Германија", бара Сармади и предупредува ова да не ѝ биде оставено на индустријата: „Таа веќе предложи ваква класификација која би се ставила на пакувањето. Нутела, на пример, која е направена од 90% маснотии и шеќер, нема црвена, туку жолта ознака!" Едноставен трик: индустриските печати ја покажуваат вредноста измерена на многу мало количество.

Повеќе: Сѐ подебели - суптилните методи на индустријата за храна

Променети навики за исхрана

На потрошувачите досега им останува само да се ориентираат според печатите за квалитет. Габриеле Јантур во кошничката става млекок на кое има печат „ЕУ-Био“. Тоа значи дека млекото потекнува од еколошки регион, и дека кравите се соодветно третирани. „Млекото секако е поставено во задниот дел на супермаркетот", вели претставникот на заштита на потрошувачите, „бидејќи стратегијата е дека секој кој сака целно да купи вакво млеко мора да помине покрај што повеќе производи."

Како на пример покрај смрзнатите пици. „Начинот на исхрана денес е станат многу тешко поле, бидејќи во сите прилики и ситуации има премногу храна“, заклучува Јантур, за тоа колку е компликувано денес човек да се храни здраво. И за нејзе е тешко да го напушти супермаркетот среќна. „Ако купам многу овошје и зеленчук, тогаш кошничката ми е зелена, и сум многу задоволна!"