Германската амбасада во Скопје со лотарија ќе го олеснува издавањето работни визи | Северна Македонија | DW | 09.12.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Германската амбасада во Скопје со лотарија ќе го олеснува издавањето работни визи

Германската амбасадорка во Северна Македонија Анке Холштајн објави дека ќе се подобри системот за доделување термини за т.н. визи за Западен Балкан.

Германската амбасадорка во Северна Македонија, Анке Холштајн, објави дека од февруари Амбасадата ќе го подобри системот за доделување термини за т.н. визи за Западен Балкан.

„Поради Вашите многубројни реакции и сè уште многу големиот интерес за термини за поднесување на барање за виза, од февруари 2022 г. секој месец ќе се применува постапка на лотарија. За таа намена, во февруари за првпат ќе се отвори нов список за регистрирање, кој ќе биде неприкинато отворен за подолг период (најверојатно за околу две недели)“, објави Холштајн на Фејсбук. 

Потоа, по случаен избор, со помош на компјутерски управуван генератор во лотариска постапка, од сите регистрации ќе се извлечат оние, на кои ќе им се додели термин за месец март 2022 година. Поопширни информации можат да се најдат на веб-страницата https://skopje.diplo.de/mk-mk/-/2493044.  

Гледај видео 02:28

„Чекањето на визата за Германија е најтешко“

DW.COM