Германија ќе се брани од Ковид-19 со пакет од 1,100 милијарди евра | Информации и анализи за Германија | DW | 25.03.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Германија ќе се брани од Ковид-19 со пакет од 1,100 милијарди евра

Бундестагот вечерва изгласа пакет- мерки вредни речиси 1.100 милијарди евра за одбрана на економијата од ударот на пандемијата на коронавирусот. Мерките опфаќаат помош и кредити за фирмите, и фондови за здравството

Планот на владата доби широка поддршка во Бундестагот каде пратениците седеа далеку едни од други почитувајќи ги мерките за заштита од новиот коронавирус.
Пакетот, кој е без преседан во повоена Германија, предвидува широки мерки за поддршка на бизнисот, здравствениот систем, како и стотици милијарди евра гаранции за банкарските заеми кон фирмите. За првпат се укина и ткн. должничка кочница, и државата се задолжи за 156 милијарди евра.
Претходно, во САД законодавците одобрија уште поголем пакет вреден 2 трилиони долари.
Германскиот пакет сега треба да го одобри и горниот дом на парламентот, но тоа се смета за формалност. 

- Меркел: Коронавирусот е најголемиот предизвик од Втората светска војна

Со новите мерки, владата планира да создаде „економски стабилизациски фонд“ со кој ќе понуди гаранции во вредност од 400 милијарди евра за долговите на компаниите, 100 милијарди евра како гарантии за заеми или за купување акции во фирми, и уште 100 милијарди евра за поддршка на државната инвестициска банка- КФВ. Со дополнителните средства, КФВ сега ќе има на располагање 822 милијарди евра за заеми. 

- Германски фирми отстапуваат маски, Фолксваген ќе произведува медицинска техника Владата ќе им понуди и до 50 милијарди евра помош на малите фирми. Здравствениот систем ќе добие директна инјекција од 3,5 милијарди евра, и уште 55 милијарди евра кои ќе можат да се користат за борба против пандемијата.

Пакетот-мерки во парламентот го претстави вицеканцеларот Олоф Шолц кој ја заменува канцеларката Ангела Меркел откако беше откриено дека таа контактирала со лекар кој бил заразен од коронавирусот. Денешниот, втор, тест на Меркел исто така е негативен, но таа останува во домашна изолација. Третиот тест ќе биде направен на почетокот на следната недела. 

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама