Германија тренира кучиња за откривање на коронавирусот | Информации и анализи за Германија | DW | 06.07.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Германија тренира кучиња за откривање на коронавирусот

Кучињата-душкачи можат да откријат експлозиви и дрога, но можат ли да го откријат и Ковид-19? Германската армија и фондација од ветеринарен Универзитет работат со различни видови кучиња за да откријат.

Германски армиски кучиња-душкачи добиваат тренинг за откривање на инфекција со коронавирус во човечка плунка како дел од заедничка студија на Бундесверот и Универзитетот за ветеринарна медицина во Хановер. Како дел од проектот, група од 10 кучиња, меѓу нив овчари, шпаниели и ретривери душкаат примероци од заразени луѓе.
Кучињата-душкачи можат да откриваат експлозиви и дрога според нивната молекуларна композиција, но исто така можат да надушкаат и различни видови рак, хипогликемија или дијабетес. Оваа способност е она што ги мотивираше ветеринарните научници да ја истражуваат потенцијалната способност за откривање и на коронавирусот.
„Со стапка на откривање од речиси 80%, научниците се на добар пат успешно да го заокружат проектот“, соопштија од центарот за тренинг на кучиња во градот Улмен на западот на Германија.
Примероците кои ги тестираат кучињата се хемиски безопасни. Но останува прашањето дали кучињата можат да детектираат активни случаи на коронавирус во човечката плунка.
„Тоа мора да се одвива во многу поразлични услови. Пред се, мораме да бидеме сигурни дека не се душкаат високо ризични примероци“, вели докторантката на Универзитетот Паула Јендрни.

DW.COM

Реклама