Сиромаштија на старост | Информации и анализи за Германија | DW | 26.03.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Сиромаштија на старост

Германија е една од најбогатите земји во светот, но милиони луѓе живеат во сиромаштија. Многумина од нив работеле со децении, а на старост не можат да си дозволат ниту да си купат доволно храна.

Стапката на загрозеност од сиромаштија на лицата над 65-годишна возраст во Германија за петнаесетина години е зголемена за речиси пет проценти и во 2019-та изнесувала 15,7%. Ако се направи споредба со земјите членки на ОЕЦД, Германија во делот на сиромаштија на старост се позиционира во средина, помеѓу Шпанија и Чешка. Во овие земји околу 10% од генерацијата 65+ се погодени од сиромаштија. 

Меѓу сиромашните пензионери во Германија е и Уве Зауер, чија пензија изнесува само 321 евро. Тој со сопругата мора да оди во Берлинската народна кујна, зашто парите не им се доволни ниту да се прехранат.

 DW MADE 23.3.21 Altersarmut

Уве Зауер со сопругата Илејн

Вели дека се навикнал на сиромаштијата и дека веќе не се срами поради тоа што е сиромашен.

Љубовта е поголема од сиромаштијата, вели Уве Зауер. 

Еве ја неговата приказна:

Гледај видео 05:10

Сиромаштија на старост

DW.COM