Германија се бори со последиците од невремето | Панорама | DW | 23.06.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германија се бори со последиците од невремето

Во големото невреме на северот и истокот на Германија загинаа најмалку две лица. Невремето беснееше особено во Хамбург, Берлин, како и во покраините Долна Саксонија и Хесен.

Невремето беснееше особено во Хамбург, Берлин, како и во покраините Долна Саксонија и Хесен. Поради големата бура, во прекин беше железничкиот сообраќај. И натаму се работи на ослободување на шините од паднати дрвја и повторно напојување со електрична енергија.

Во Улцен, Долна Саксонија, 50-годишен маж го загуби животот кога неговиот автомобил бил погоден од дрво. Во Гифхорн 83-годишна жена починала во судар со паднати стебла на автопатот.

Воздушниот сообраќај на аеродромите во Берлин, кој беше во прекин во текот на ноќта, денеска повторно се одвива. Сепак, се предупредува дека има доцнење на летовите.

Гледај видео 01:02

Големо невреме во Германија

Германската метеоролошка служба денеска ги повлече речиси сите предупредувања од невреме. Со невреме се смета само во јужна Баварија, каде не се исклучува и град.

Невремето во Германија стави крај на периодот на топло време со исклучително високи температури до 37 степени.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама