1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Berlin Bundesrat Sitzungssaal Schriftzug
Фотографија: Imago/IPON

Германија: Повисоки пензии и минимална плата

ЕМФ | агенции
10 јуни 2022

Бундесратот денеска даде зелено светло за рекордно зголемување на пензиите од 5,35% во западниот и 6,12% во источниот дел од Германија. Се зголемува и минималната плата.

https://www.dw.com/mk/%D0%B3%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D1%80%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B4%D0%BD%D0%BE-%D0%B7%D0%B3%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BC%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%B5%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%81%D0%BE%D0%BA%D0%B0-%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0/a-62092299

Една недела по Бундестагот, денеска (10.06) и Бундесратот се изјасни „за“ зголемување на пензиите во Германија. Пензиите во западниот дел од земјата ќе бидат повисоки за 5,35%, додека зголемувањето во источниот дел ќе изнесува 6,12%.

Претставништвото на покраините даде виза и за зголемување на минималната плата. Од октомври таа ќе изнесува 12 евра за работен час. Тоа значи и зголемување на границата за оние кои имаат т.н. „мини џоб“, и тоа од 450 на 520 евра месечно. Од зголемувањето на минималната плата, како што соопшти сојузната влада, треба да профитираат над 6 милиони луѓе.

Бундесратот даде зелено светло и за корона-бонусот за негувателите, за кој парламентот донесе одлука на средината од мај. Со ваквата премија негувателите треба да се наградат за својата работа во корона-пандемијата. Зависно од квалификациите и работното време, бонусот ќе изнесува до 550 евра.

Бундесратиот денеска гласаше и за буџетот 2022-ра. Буџетот од 496 милијарди евра предвидува ново задолжување од околу 139 милијарди евра.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Димитар Ковачевски македонското Собрание

Огнени кочии

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница