1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
München | Corona-Impfung für Jugendliche
Фотографија: Frank Hoermann/SVEN SIMON/picture alliance
Здравје

Германија: Препорака за вакцинирање на сите над 12 години

ЖА / агенции
16 август 2021

Постојаната комисија за вакцини издаде препорака за вакцинирање против коронавирус и на деца над 12 години. Досега не препорачуваше вакцинација на деца и млади на возраст од 12 до 17 години поради недоволен број студии.

https://www.dw.com/mk/%D0%B3%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BA%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%B2%D0%B0%D0%BA%D1%86%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B0%D0%B4-12-%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B8/a-58880723

Постојаната комисија за вакцини со денешната одлука ја актуелизира својата препорака од јуни, според која во Германија требаше да бидат вакцинирани прво само младите со хронични заболувања. Според СТИКО, ажурирањето на препораката се должи на анализата на натамошни студии околу евентуални придружни дејства. 

Податоците потекнуваат пред се од вреднувањето на информациите добиени при масовната програма за вакцинирање на млади лица во САД. Според тамошните здравствени власти, во САД во меѓувреме се вакцинирани околу десет милиони млади луѓе. 

Освен тоа, математички симулации покажуваат дека кај децата и младите, при евентуален четврти бран коронавирус наесен, постои јасно зголемен ризик од заболување со оглед на во меѓувреме доминирачката Делта варијанта на вирусот, соопшти СТИКО. Оттаму, анализата на расположливите податоци во моментв укажува на јасно превагнување на предностите на вакцинирањето во однос на ризиците од ретки нус појави.

-повеќе: 

Вакцинирање на децата против коронавирусот– секоја земја со свои препораки и правила

Ковид-вакцини за деца: Изборот станува поголем

Германија: Вакцини за деца

Колку се навистина неопходни ковид-вакцините за деца и млади?

Веќе одамна се водат контрозверзни дискусии околу општа обврска за вакцинирање на децата над 12 години, со неиздавањето препорака СТИКО во јуни се најде на мета на жестоки критики од политиката.

Но, вакцинирање беше можно и досега, и без препорака од СТИКО, постојат вакцини чија употреба е регуларно дозволена и за деца и млади на возраст од 12 до 17 години, поради што голем број од оваа група се веќе вакцинирани.

Европската агенција за лекови (ЕМА) на крајот на мај за вакцината на Бионтек/Фајзер го даде првото зелено светло за имунизирање на деца над 12 години, во јули следеше и за препаратот на Модерна, со кој смеат да бидат вакцинирани млади над 18 години.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан позитивно ја оцени одлуката на СТИКО. Со неа родителите и тинејџерите добиваат „јасна препорака за да можат да се решат на вакцинирање. Фактите зборуваат во прилог на вакцината, а ние располагаме со доволни количини за сите старосни групи“, изјави Шпан.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Македонија знаме

Македонскиот руски круг

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница