Германија: Од утре бесплатни корона-тестови за сите летувалци | Информации и анализи за Германија | DW | 31.07.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Германија: Од утре бесплатни корона-тестови за сите летувалци

Сите германски летувалци, по враќањето во земјата ќе можат бесплатно да се тестираат на Ковид-19. Мерката стапува во сила утре (01.08.) и има за цел справување со повторното забрзано ширење на коронавирусот во земјата.

Бесплатните тестови за секој кој се враќа од летниот одмор, како што јавуваат германските медиуми,  ќе се вршат во рок од 72 часа кај надлежните локални здравствен органи или кај матичните лекари.

Резултатите од тестовите треба да бидат достапни по околу 24 до 48 часа. Германската влада ги плаќа трошоците преку зголемена субвенција за здравствено осигурување.

Германското министерство за здравство за весникот „Билд“ потврди: „Од утре, тестовите за коронавирусот САРС-Ков-2 ќе бидат бесплатни за сите Германци кои се враќаат од странство, во согласност со проширената регулатива за тестирање на сојузната влада“.

Гледај видео 01:47

Иднината на патувањето со авион

Министерот Јенс Шпан претходно порача: „Зголемениот број на инфекции во Германија е јасен предупредувачки сигнал. Вирусот не е на одмор. Затоа: Оние што се враќаат од патување во странство треба да бидат тестирани - доброволно и бесплатно “.

Повеќе:

-Задолжителни корона-тестови при влез во Германија - прашања и одговори

-Тест-центри за коронавирус на германските аеродроми

-Германија воведува обврзувачки корона-тестови за ризичните земји

Важно притоа е дека повратниците од летниот одмор или патување треба да докажат дека биле на одморот. Според Министерството за здравство, ова може да се направи со „авионска бординг-карта, билет за воз или автобус, хотелска сметка или друг доказ“.

Шпан, освен тоа, уште еднаш потврди дека повратниците од ризичните региони , односно земјите или областите потешко погодени од пандемијата наскоро ќе бидат обврзани да направат тест на Ковид-19 по пристигнувањето. Соодветната регулатива треба да биде усвоена во наредната недела . На задолжително тестирање ќе бидат подложени не само годишноодморците, туку и сите други патници кои се враќаат од на пример, семејна посета во некој од ризичните региони.

Институтот „Роберт Кох“ во моментов класифицира околу 140 земји како ризични области, вклучувајќи ги Бразил, САД, Турција и балканските земји како Србија и С.Македонија. Во моментов Луксембург е единствената земја од ЕУ која институтот во целост ја води како ризичен регион. Денеска пак на листата беа вклучени и шпанските региони Каталонија, Арагон и Навара.

Министерот Шпан апелираше до Германците да останат разумни: „Многу поважно од владините регулативи, е тоа колу придонесува секој од нас . Колку подобро обрнуваме внимание едни на други во секојдневниот живот, толку подобро заеднички ќе ја надминеме оваа пандемија.

Поврзана содржина

Реклама