Германија не прифаќа укинување на патентите за вакцините | Информации и анализи за Германија | DW | 06.05.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Германија не прифаќа укинување на патентите за вакцините

Германската влада денеска се спротивстави на повикот на САД да се укинат патентите за вакцините против Ковид-19, оценувајќи дека таквата заштита не е причина за бавниот процес на производство.

Официјален Берлин не се согласува со одлуката на САД да дозволат укинување на патентите за вакцините пред Светската трговска организација (СТО).
„Забелешката на САД за укинување на заштитата на патентите за вакцините против Ковид-19 има значителни импликации за производството на вакцините.
Ограничувачките фактори во производството на вакцините се производствените капацитети и постигнувањето стандарди на висок квалитет, а не патентите“, соопшти германската влада. Берлин вели дека фармацевтските компании веќе работат со партнери за да се зголемат производствените капацитети.

„Заштитата на интелектуалната сопственост е извор на иновации и мора да остане тоа и во иднина“, рече портпаролка на владата во Берлин.
Германија е дом на БајоНТек, компанијата која ја разви првата вакцина одобрена за користење на Западот во соработка со Фајзер.
Уште една германска компанија- Кјурвак е во последната фаза на клинички тестови на вакцина, и се надева на авторизација во ЕУ во следните недели.

Претходно, германскиот министер за здравство Јенс Шпан рече дека Германија ја поддржува „целта на американскиот претседател да се снабди светот со вакцините како единствен начин за излез од пандемијата“.
Но, они земји кои произведуваат вакцини „мораат исто така и да ги извезуваат во други земји“, рече Шпан алудирајќи на одбивањето на САД да дозволат извоз на вакцини произведени во земјата.

DW.COM