Германија не знае каде исчезнале околу 500 неонацисти | Информации и анализи за Германија | DW | 04.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Германија не знае каде исчезнале околу 500 неонацисти

Стотици налози за апсење на десни екстремисти во Германија не можат да бидат спроведени поради тоа што обвинетите не можат да бидат најдени, пишува весникот „Ноје оснабрикер цајтунг“.

Во Германија има 467 налози за апсење на десни екстремисти, стои во одговорот на германската влада на прашање на пратеничката група на Левицата, кој го цитира весникот „Ноје оснабрикер цајтунг“. Налозите за апсење не се спроведуваат поради тоа што обвинетите не можат да бидат најдени.

Повеќе: Мојот татко нацист

Секој четврти од нив важи за насилен, се вели натаму во одговорот. По 108 осомничени се трага поради политички деликти, 99 се бараат поради насилство. Властите сметаат дека осомничените во иднина би вршеле слични кривични дела, на пример за време на маршеви на екстремната десница или концерти.

Гледај видео 03:37

Зошто нацистите се преоблекувале како жени?

Во текот на изминатите четири години бројот на неонацисти по кои трагаат властите е значително зголемен: од 253 лица тој број е зголемен на 467. Една од причините за тоа е бегалската криза, која за последица имаше зголемување на бројот на десноесктремни деликти, како напади врз домови за азиланти.

Повеќе: Меркел: Нема оправдување за непријателство кон странците

Пратеничката на Левицата, Ула Јелпке, која го постави прашањето до владата, за „Ноје оснабрикер цајтунг“ изјави: „Безбедносните власти мора да најдат начин за апсење на избеганите нацисти.“ Фактот што на стотици неонацисти од 2017 година досега им успеало делумно или целосно да избегнат апсење, е загрижувачки, смета Јелпке. Статистиката, според нејзе, е „аларм дека нацистичката сцена е и останува насилна и криминална“.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама