Германија: Наместо локдаун, правило „3Г“ | Информации и анализи за Германија | DW | 23.08.2021

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Германија: Наместо локдаун, правило „3Г“

Владата и сојузните покраини донесоа заедничка одлука според која од денеска граѓаните нема да можат да одат во кафеана или теретана без доказ за вакцинација, негативен тест или потврда за прележан Ковид-19.

Пристап во јавни објекти во Германија од денеска (23.08.2021) имаат само лица кои се вакцинирани, негативно тестирани или ја прележале болеста. Според договорот на сојузната влада и сојузните покраини, овие правила важат за клиники, домови за стари лица, теретани, базени, фризерски салони, хотели, ресторани и разни манифестации.

Правилото е наречено „3Г“, зашто на германски сите три збора – вакциниран, тестиран и оздравен, почнуваат со буквата „г“ (geimpft, getestet, genesen).

Во саботата инциденцата – бројката на новозаразени на 100.000 жители за седум дена, првпат од мај премина 50. Најголем скок од новоинфицирани бележи Северна Рајна Вестфалија, каде има 99,2 нови случаи на коронавирус на 100.000 жители за една седмица, а на второ место е Берлин, каде вредноста изнесува 67,3. Германскиот просек утрово скокна на 56,4.

Повторно повеќе пациенти во болниците

Расте и бројот на пациенти заболени од ковид кои мора да бидат згрижени во болница, посебно се погодени лица меѓу 35 и 59 години. Речиси сите инфекции се предизвикани од Делта сојот.

Според податоците на Институтот „Роберт Кох", луѓето кои се вакцинирани се инфицираат поретко, а оние кои сепак ќе се заразат, ретко имаат тежок облик на  болеста. Меѓутоа, од февруари досега, без оглед на вакцинацијата, се заразиле повеќе од 13.000 луѓе. Но, само 2,4 проценти од пациентите на возраст меѓу 18 и 59 години, кои се лекуваат на одделенијата за интензивна нега, биле целосно вакцинирани. 

-повеќе: 

Без тест, невакцинираните нема да имаат пристап ни во отворени, ни во затворени објекти

Дали коронавирусот го разединува општеството?

Треба ли вакцинираните да имаат повеќе права од невакцинираните?

Институтот „Роберт Кох" од почетокот на пандемијата регистрирал 3,9 милиони заболени лица. Млади луѓе кои зачекориле во третата деценија од животот, а бројот на вакцинирани меѓу нив е посебно мал, заболуваат од коронавирусот десет пати повеќе во однос на луѓето кои имаат меѓу 65 и 84 години.

Темпото на вакцинирање во Германија минатата недела остено забави, целосно се вакцинирани 58,8 % луѓе, а 63,9 % со најмалку една доза.

Gastronomie im Lockdown dritte Welle

Целта е да не дојде до нов локдаун

Со „3Г“ преку есента и зимата

Покраинскиот премиер на Баварија, Маркус Зедер не сака да се ориентира веќе само врз основа на инциденцата: „Врз основа на високата вакцинална квота, методологијата која беше применувана во првите три бранови коронавирус, односно инциденцата, веќе не е соодветна“, изјави тој за минхенските медиуми. Тој се залага за тоа многу повеќе да се земе во предвид ситуацијата во болниците и да се направи „некој вид болнички семафор“, кој би означувал црвена линија.

Сојузниот министер за здравство Јенс Шпан денеска исто така пледираше од Законот за инфективна заштита да се избрише граничната вредност на инциденца од 50, по која автоматски следуваат поголеми ограничувања за граѓаните. Шпан предлага уште пред изборите на 26 септември Бундестагот да донесе измени во Законот за инфективна заштита и да се воведат нови параметри, првенствено тоа -колку пациенти се наоѓаат на болничко лекување. Шпан исклучува можност на лицата кои се целосно вакцинирани или кои прележале Ковид-19 во иднина да им се ограничуваат контакти и излегувања. Целта, според него, е низ есента и зимата да се помине без дополнителни мерки, со придржување кон познатите правила за престој во затворен простор – дистанца, хигиена и маски, како и со помош на правилото „3Г“ во затворени простории, а крајно и со мотоото: „вакцинирање, вакцинирање, вакцинирање“.

Сојузниот министер за економија Петер Алтмајер е на слична линија: „Според сето она што сега го знаеме, можеме да избегнеме нов локдаун за вакцинираните и оние кои се излечени.“

Таков е ставот и на министерката за правда, Кристине Ламбрехт, таа за весникот „Велт“ изјави дека исклучува нов локдаун или посебни закони за вонредна состојба, за неа тоа е незамисливо: „Тоа тешко може да се оправда кога мнозинството од населението е вакцинирано". 

Правилото „3Г“ инаку предизвика незадоволство кај угостителите и хотелиерите. Претставничката на здружението од оваа бранша Ингрид Хартгес, смета дека спроведувањето на овие мерки ќе биде комплицирано и се заканува намалување на приходите.