Локдаунот во Германија сѐ повеќе им оди на нерви на многумина, и повиците за олеснувања на мерките стануваат сè погласни. Од една страна е желбата за нормален живот, а од друга - бројот на инфекции кој укажува дека локдаунот треба да продолжи. Сојузната и покраинските влади мора да дадат одговори на оваа дилема денеска.
Прелиминарниот нацрт-план на состанокот меѓу канцеларката Ангела Меркел и шефовите на владите на сојузните покраини веќе излезе во јавноста. Иако, очигледно сѐ уште нема договор за важните детали, сепак се чини јасно дека повеќето од заштитните мерки кои се во сила во моментов првично ќе бидат продолжени до 28 март. Според нацрт-планот, кој му е достапен и на ДВ, ограничувањата за контакти од понеделник треба малку да се ублажат. Тогаш треба да бидат можни средби до пет лица од две домаќинства, а за време на велигденските празници треба да бидат можни приватни средби со најмногу четири лица „кои не се дел од домаќинството“. Во моментов, дозволено е средба со едно лице кое не живее во исто домаќинство.
Нацртот содржи и план во четири чекори за постепено отворање на јавниот живот. Според учесниците на состанокот на парламентарната група на Унијата, канцеларката посочила дека вредностите на седумдневната инциденција во Германија се „релативно ниски“ во споредба со другите европски земји. Сепак, таа, исто така, предупредила: „Потребна ни е сопирачка за итни случаи ако бројките повторно се зголемат“.
-
Бегство од зачмаеноста на пандемијата
Исланд
Островот во Северен Атлантик со своите водопади, вулкани и глечери е подготвен за туристите. Љубителите на природата и авантуристите можат да патуваат таму во согласност со прописите за коронавирусот. Исланд е една од ретките земји во Европа која дозволува влез за вакцинирани лица и лица кои се опоравиле од од Ковид-19, без потреба од тестирање и карантин.
-
Бегство од зачмаеноста на пандемијата
Ла Палма, Шпанија
Канарскиот остров Ла Палма е речиси без заболени со коронавирусот. Туристите кои патуваат од Германија теоретски можат да влезат со негативен ПЦР тест, но во моментов нема многу летови за Ла Палма, бидејќи е дел од Шпанија, која е земја со висок ризик. Хотелиерите и агентите за изнајмување недвижности се надеваат дека состојбата ќе се подобри од март.
-
Бегство од зачмаеноста на пандемијата
Занзибар
Ограничувањата за патување во Занзибар беа укинати уште во јуни 2020 година. Патниците од повеќето земји можат да влезат без ПЦР-тест, формулар за влез или карантин. На островот, кој ѝ припаѓа на Танзанија, нема ограничувања, рестораните се отворени, а се одржуваат забави и концерти. На крајот на март, Луфтханза за првпат планира да понуди директни летови до островот на задоволствата.
-
Бегство од зачмаеноста на пандемијата
Руанда
Туристите ја посетуваат Руанда за да видат планински горили. При влегување мора да се покаже негативен ПЦР-тест и да се направи дополнителен тест локално. По седум дена во карантин на туристите им е дозволено да одат на сафари и да ги видат горилите под строги хигиенски услови. Мерките на претпазливост се покажаа ефикасни. Германија никогаш ја нема ставено Руанда на листата на ризични области.
-
Бегство од зачмаеноста на пандемијата
Сејшели
Архипелагот крај источниот брег на Африка мами со белите песочни плажи, тиркизно синото море и со бујните палми. Од јануари, секој може да влезе во земјата ако има сертификат за вакцинација против Ковид-19 и со негативен ПЦР- тест направен во рок од 72 часа. Нема потреба од карантин. Одморот може да започне веднаш. Сепак, бидејќи Сејшели се ризична област, повратниците мора да одат во карантин.
-
Бегство од зачмаеноста на пандемијата
Малдиви
Островската земја во Индискиот Океан бележи зголемување на стапката на инфекции од декември и се смета за ризична област. Според правилата од јули 2020, туристите можат да влезат со негативен тест, но нивниот престој останува ограничен на однапред резервирано одморалиште. Со оглед на луксузните објекти во хотелските комплекси, туристите се прилично подготвени да ги прифатат овие ограничувања.
-
Бегство од зачмаеноста на пандемијата
Тајланд
Ниските стапки на инфекција значат дека патувањето во Тајланд не е забрането тукусамо не се препорачува. По пристигнувањето и на сопствен трошок, патниците мора да поминат строг карантин во траење од 14 дена во објект за изолација (обично хотел) кој е одобрен од владата и да направат неколку тестови за Ковид-19. Само тогаш тие можат слободно да се движат во земјата.
-
Бегство од зачмаеноста на пандемијата
Аруба, холандски Кариби
Работа на вашиот лаптоп пред да скокнете во базен, или обратно? Ако не можете да престанете да работите, можете да „работите од дома“ во далечните земји. Туристичките агенции во неколку земји, како на холандскиот карипски остров Аруба (на сликата) ја препознаа можноста и нудат опции за работа и одмор за туристите. И тука, се разбира, мора да се внимава на актуелните корона-рестрикции.
-
Бегство од зачмаеноста на пандемијата
Дубаи
Дубаи до декември, се сметаше за место без Ковид-19, но од 24 јануар се смета за област со висок ризик. Емиратот донесе влијателни инфлуенсери и познати личности во земјата, а туристите ги следеа, откако сликите на безгрижни забави крај базен го обиколија целиот свет. Сега баровите и пабовите се затворени, ограничувањата се применуваат во трговските центри и во рестораните.
-
Бегство од зачмаеноста на пандемијата
Туристички крстосувања
Индустријата за туристичко крстосување ги врбува муштериите со тоа што нуди најголема можна безбедност. Ова значи пониски стапки на посетеност на пловните објекти, физичка дистанца на бродот, задолжително носење маски, дневни проверки на температурата, контролирани екскурзии на брегот... Но, оваа релаксација доаѓа со ограничувања, бидејќи коронавирусот исто така знае како да патува.
Автор: Екипа на ДВ
Повеќе вакцини, повеќе тестови
Според предложениот план, сојузната и покраинските влади де факто остануваат на својата одлука, која ја донесоа пред само три недели, да го укинат локдаунот кога вредноста на инциденцијата на нови инфекции за седум дена на 100 илјади жители ќе изнесува под 35. Неколку покраински влади особено се залагаат за ова. За да се оправда ова, се упатува на зголемената достапност на вакцините и опциите за тестирање. „Брзите тестови сега се достапни во голем број и понудата на тестови на пазарот се проширува за да вклучат и евтини тестови за самотестирање“, се вели во документот.
Повеќе:
-Германија и Ковид-19: Меѓу копнежот за отворање и следниот бран
-Трет корона-бран во Германија?
-Коронавирус: Германија бара формула за олеснување на рестрикциите
Министерот за финансии, Олаф Шолц, сепак, уште еднаш повика на јасна перспектива за отворање. „Голем дел од она што може да се прочита и чуе во овој момент ,според мене, не е доволно. За мене важи следново: Сакам јасна стратегија за отворање и комбинација на отворање и тестирање" изјави тој за весникот „Билд“.
-
Пандемија: Животот свртен на глава
Колективно физичко дистанцирање
Сингапур има многу ниски стапки на инфекции со коронавирусот од октомври досега. Набљудувачите ја фалат оваа град-држава во југоисточна Азија за одржување на вирусот под контрола со внимателно следење на нејзините граѓани, делумно со апликацијата за задолжително следење. Падот на инфекциите значи дека локалното население може да посетува кино на отворено - под услов да се одржува физичка дистанца.
-
Пандемија: Животот свртен на глава
Во Јужна Африка се шири страв
Јужна Африка е најтешко погодената африканска земја од пандемијата на коронавирусот. Овој пациент во болница во близина на Кејп Таун е еден од 1,4 милиони граѓани кои се заразени со Ковид-19. Новата варијанта на коронавирусот, позната како B.1.351 или 501Y.V2, само го зголеми стравот. Исто како и новата варијанта на британскиот вирус, се смета дека оваа јужноафриканска мутација е многу позаразна.
-
Пандемија: Животот свртен на глава
„Социјално дистанцирање на сонце“
Со зголемените летни температури, многу Австралијци се во можност да уживаат во освежително пливање во океанот. Поставени се знаци за да ги потсетат посетителите на плажите да држат дистанца додека уживаат во сонцето, во обид да се спречи нов пораст на инфекции. Австралија забележа значително намалување на бројот нови случаи од септември наваму.
-
Пандемија: Животот свртен на глава
Болка поради оние кои починаа
Келвија Андреа Гонкалвес (16) плаче на гробот на нејзината мајка во бразилскиот град Манаус - Андреа дос Реис Брасао почина на само 39-годишна возраст. Таа е една од безбројните жртви од Ковид-19 во градот кој остана без неопходниот кислород. Многу луѓе го обвинуваат екстремно десничарскиот претседател Жаир Болсонаро за мрачната состојба во земјата. Во Бразил од вирусот починаа над 221.000 лица.
-
Пандемија: Животот свртен на глава
Што е сигурно е сигурно?
Во Хонг Конг, властите оградија цели населби без предупредување како одговор на ненадејниот пораст на инфекциите. Градот, посебен административен регион на Кина, наметна слични драконски мерки за спречување на епидемијата на вирусот како оние кои беа во сила во Кина. До неодамна, стапките на инфекции тука беа многу ниски.
-
Пандемија: Животот свртен на глава
Танцување во сопствен меур
Американскиот рок-бенд The Flaming Lips смисли начин како да организира концерти со физичка дистанца: на неодамнешниот концерт во Оклахома Сити, бендот ја замоли публиката да влезе во пластични меури кои се надувуваат. На овој начин, тие можеа да се танцуваат додека безбедно се изолирани во сопствени меури. Публиката дури можеше да го држи на раце и фронтменот Вејн Којн кој се стркала од сцената.
-
Пандемија: Животот свртен на глава
Цркви претворени во центри за вакцинација
Многу цркви во моментов се затворени поради пандемијата, па местата за богослужба се претвораат во центри за итна вакцинација- како тука во катедралата Лихфилд, во близината на Бирмингем, Англија. За разлика од земјите во ЕУ кои во моментов се соочуваат со недостиг на вакцини против Ковид-19, Велика Британија редовно се снабдува со дози.
-
Пандемија: Животот свртен на глава
Светло на крајот од тунелот
Ејми Езат подготвува торта во форма на вакцина која треба да се дистрибуира меѓу пациентите со Ковид-19 кои се лекуваат во болницата во Каиро. Египет се бори да ја активира својата кампања за имунизација низ целата земја. Сепак, на многумина можноста да се вакцинираат против коронавирусот им дава огромно чувство на надеж.
Автор: Инес Ајзеле
Апел за одговорно отворање
Лидерот на парламентарната група на СПД, Ролф Мицених повика на униформен пристап при ублажувањето на мерките. Со оглед на големиот број на инфекции, тој исто така предупреди дека тоа да се одвива „многу претпазливо“ . „Не смее да има неконтролирано отворање, туку одговорно отворање со заштита“, предупреди лидерката на пратничката група на Зелените во Бундестагот, Катрин Геринг-Екард.
Во предлог-заклучоците се наведува дека сојузната и покраинските влади сакаат да „испробаат“ можни исклучоци од важечките ограничувања, како на пример преку „значително проширување на тестовите“ и подобро следење на контактите да се овозможат „чекори на отворање дури и при повисока седумдневна инциденција од 35 нови инфекции на 100.000 жители “.
Критика за вакцинацискиот перфекционизам
Во меѓувреме, познатиот виролог Кристијан Дростен предупреди од зголемување на бројот на инфекции како резултат на релаксација на корона-рестрикциите. Дростен во подкастот „Коронавирус-Апдејт“ рече дека е оправдано да се повлечат мерките поради социјални и економски причини. „Но, едноставно, мора сосема неутрално да се каже што ќе се случи тогаш. Имено, инциденцијата повторно ќе се зголеми“.
Здравствените власти пријавија 9019 нови инфекции во Германија во рок од еден ден - околу 1000 повеќе отколку пред точно една недела. Покрај тоа, во рок од 24 часа се регистрирани 418 дополнителни смртни случаи поврзани со Ковид-19. Седумдневната инциденција на нови заразени инфекции во рок од седум дена на 100.000 жители денеска изнесува 64,0 и е малку пониска од вчера (65,4).
-
Вухан: Една година по избувнувањето на пандемијата
Рамо до рамо на преполните пазари
Вухан беше во карантин околу 11 недели откако стана првото глобално жариште на коронавирусот. До средината на мај 50.000 од 80.000 од официјалните случаи на заразата во Кина беа во Вухан. Но, сега животот речиси е вратен во „нормала“ на преполните улични пазари во градот.
-
Вухан: Една година по избувнувањето на пандемијата
Танцување на улиците
За време на карантинот, на жителите не им беше дозволено ниту да ги напуштат своите домови. Сега, тие дури можат да танцуваат заедно во парковите. Според новинската агенција Ројтерс, таму веќе со месеци нема локално пренесување на вирусот.
-
Вухан: Една година по избувнувањето на пандемијата
Нулта точка на коронавирусот?
Зеленчук, риба и месо - дури и диви животни - сето тоа се продаваше на овој покриен пазар. Но, тој ги затвори портите на 1 јануари 2020 година, откако започна да се шири мистериозното заболување на белите дробови и неговото потекло беше пронајдено на пазарот. Научниците сè уште не ја утврдија точната улога на пазарот во ширењето на вирусот, ако воопшто имаше улога.
-
Вухан: Една година по избувнувањето на пандемијата
Егзистенцијата на рестораните е изложена на ризик
Пред пандемијата, Лаи Јун поголемиот дел од производите за неговиот јапонски ресторан ги купувал во покриениот пазар. „Ги испраќав децата на училиште, појадував, а потоа одев на пазар“, вели 38-годишникот. Од повторното отворање во јуни, тој морал да оди на друго место - а некои од состојките сега чинат петпати повеќе. „Наша цел за наредната година е едноставно да преживееме“, вели тој за ДВ.
-
Вухан: Една година по избувнувањето на пандемијата
Нема повеќе свежа стока
Иако пазарот на приземјето сè уште е затворен, вториот кат е повторно отворен. Но, поголемиот дел од продавниците продаваат очила и други специјализирани производи за оптичари. „Некои луѓе можеби имаат чудно чувство, но сега е само празна зграда“, вели за ДВ една од продавачките, која не сакаше да го каже своето име.
-
Вухан: Една година по избувнувањето на пандемијата
Продавачите се префлија на улиците
Од затворањето на пазарот, некои луѓе почнаа да продаваат месо и друга свежа стока на улиците. Дури и ако продавачите носат маски и ракавици, некои велат дека условите не се во согласност со одредени хигиенски стандарди. Во екот на пандемијата на коронавирусот покриениот пазар беше критикуван поради лошите здравствени и санитарни прописи.
-
Вухан: Една година по избувнувањето на пандемијата
Кловн без маска- заштитна
Повеќето жители на Вухан носат маски на јавни места, особено затоа што коронавирусот не е исчезнати имала одреден број нови случаи на други места во Кина. „Многу луѓе почнаа да складираат маски, средства за дезинфекција и друга заштитна опрема“, изјави за ДВ, 29-годишниот учител по англиски јазик Јен.
Автор: Ута Штајнвер
Главниот виролог на Берлинската болница Шарите го критикуваше и моменталниот пристап на државата кон вакцинацијата. Тој, како што рече, има чувство дека „настанал германски перфекционизам“. Тој повика во вакцинирањето итно да бидат вклучени и матични лекари и лекарите во претпријатијата. Општите лекари знаат, на пример, кому треба да му дадат предност при вакцинацијата, или кој е подготвен да се вакцинира. „Овој човечки фактор не се користи во моментов“, рече Дростен.
Дростен проценува дека процентот на британскиот сој на коронавирусот Б.1.1.7 кај инфекциите во Германија во меѓувреме е околу 50 насто. Уделот на оваа позаразна мутација ќе продолжи да се зголемува, тоа е неизбежно. Во Велика Британија сега има само остатоци од други варијанти, мутацијата Б.1.1.7 е целосно доминантна.