Германија има доволно резерви на ремдесивир | Свет | DW | 02.07.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Германија има доволно резерви на ремдесивир

Германската влада смета дека нема да дојде до недостиг на ремдесвиир и покрај тоа што САД ги купија сите залихи на овој лек против коронавирусот. Има доволно резерви, тврди портпарол на Министерството за здравство.

Лекот за терапија на корона-пациенти е обезбеден навреме, објаснува портпарол на Министерството за здравство во Берлин. Се смета дека веќе во текот на оваа недела ќе биде дадена дозвола за лекот во Европа. Портпаролот укажува дека со тоа е поврзана и обврска на американскиот производител Gilead да доставува ремдесивир во Европа „во соодветни количества“. Министерството смета дека производителот ќе ја исполни обврската.

Ремдесивирот првично беше направен за третман на болни од ебола, но кај нив покажа мал ефект. Тој досега нема добиено неограничена дозвола во ниту една земја во светот. Ремдесивирот важи за еден од лековите кои имаат најдобри изгледи за успех во лекувањето на пациенти со тешки симптоми на корона. Во САД и Јапонија веќе има дозвола за употреба на лекот при третман на инфекции со новиот коронавирус.

Минатата недела Европската агенција за лекови ЕМА препорача дозвола за лекот под одредени услови за третман на возрасни пациенти и млади над 12 години кои имаат воспаление на белите дробови и имаат потреба од кислородна поддршка.

Лекот би можел да се дава во Европа откако ќе добие дозвола од страна на Европската комисја. Одлуката на ЕК се очекува неделава.

Американското Министерство за здравство во понеделникот соопшти дека се откупени 92% од производството на ремдесивир, односно нешто повеќе од 500.000 дози. Претседателот Доналд Трамп направи „неверојатен дил“, со цел американските граѓани да имаат пристап до првиот лек кој има дозвола за третман на пациенти со Ковид-19, изјави министерот за здравство Алекс Азар. Светската здравствена организација инсистира на рамноправен третман на пациентите во цел свет.

Remdesivir antivirales Medikament in Erprobung (AFP/U. Perrey)

Петдневен третман со ремдесивир во САД ќе чини околу 2000 евра

Во моментов Gilead ја има формирано цената на лекот за американскиот пазар. Петдневен третман со ремдесивир, при нарачка од американската влада, ќе чини 2340 (околу 2000 евра) долари по пациент. Таквиот нето износ е планиран и за Германија.

Gilead најави дека има намера да има даде бесплатни лиценци на девет производители во Индија, Пакистан и Египет кои би требало да смеат да го извезуваат лекот во 127 земји, од кои најголем дел во Африка, Азија, Централна Америка и Блискиот Исток.

Гледај видео 01:25

Роботи за спас од инфекција

Реклама