Германија: За прваче мора да се издвојат 2.250 евра | Свет | DW | 31.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Германија: За прваче мора да се издвојат 2.250 евра

Нова школска година, нови трошоци. Првачињата се радуваат, а родителите почнуваат да прават сметки. Тргнувањето во прво одделение не носи само голема промена во животот, туку и во семејниот буџет. Колку чини школувањето?

Тргнувањето во училиште никаде не е евтино, па ни во Германија. Најскапа е училишната чанта. Анатомски ранец за првачиња просечно чини 130 евра.

Комплетен сет со футрола за моливи, кутија за појадок и спортска торба чини и до 240 евра. На тоа треба да се додаде и школски прибор – тетратки, вежбанки, боички... Листата е подолга и во просек тоа чини околу 170 евра.

Родителите уште на првиот родителски состанок ги чекаат нови давачки: класна благајна, годишна донација за школска опрема, превоз, целодневен престој, храна, излети....

Вкупно 2.250 за школска година или 11 евра за школски ден.

Германците многу прецизно ги пресметале и комплетните трошоци за основно и средно образование. Колкави се тие, погледнете во новото #DE_facto:

Гледај видео 02:51

#DE_facto: За прваче - 2.250 евра

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама