Германија: десничарската АФД не добива залет на сојузно ниво | Свет | DW | 06.09.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Германија: десничарската АФД не добива залет на сојузно ниво

На покраинските избори во Бранденбург и Саксонија деснопопулистите од АфД забележаа рекордни резултати. На сојузно ниво тоа не им помага, покажува анкета на Првиот канал на јавниот телевизиски сервис, АРД- Дојчланд тренд

Покраинските избори завршија со јасни загуби и рекрдно лоши резултати за ЦДУ, СПД и Левицата, додека АФД и Зелените добија поголема поддршка од гласачкото тело. Но, изборите во Бранденбург и Саксонија немаа влијание на расположението на сојузно ниво. Таков е резултатот од актуелното истражување на јавното мислење на институтот Инфратест димап по налог на Првиот канал на јавниот телевизиски сервис, АРД.

Кога следната недела би имало избори ЦДУ, СПД и АФД би забележале само мал пораст во однос на август. АФД би имала 15 проценти од гласовите. ЦДУ- 27 и со тоа повторно би била пред Зеленитекои би имале 3 процентни поени помалку од претходно. Сепак, со 23 проценти Зелените и натаму би биле втора најсилна партија. За споредба: на сојузните избори во септември 2017 Зелените имаа само осум проценти од гласовите и актуелно се најмалата пратеничка група во Бундестагот.

Владата многу нешта ветува….

Големата коалиција од ЦДУ, ЦСУ и СПД според новата анкета веќе не би имала мнозинство во Бундестагот. Граѓаните не се задоволни од владата. Главна критика е дека владата многу ветува, но малку исполнува за граѓаните, така мислат 74 проценти, меѓу кои и приврзаници на опозицијата, но и гласачи на Унијата и СПД.
Како и минатиот месец, две третини, односно 67 проценти од лицата со право на глас, лошо го оценуваат кабинетот во Берлин. Само една третина е задоволна со работата на актуелната влада. Во рамки на самата коалиција има разлики. Додека 62 проценти од граѓаните сметаат дека работата на ЦДУ не е добра, истото за ЦСУ го мислат 67, а за СПД дури 74 проценти.

СПД се врти околу својата оска

Социјалдемократите актуелно се презафатени со персонални прашања, критикуваат граѓаните- испитаници на Инфратест димап. Партијата бара нов претседател. Изборот ќе трае уште месеци, зашто СПД сака да одлучува нејзиното членство. Тоа пак тројца од четворица граѓани го сметаат за исправно. Паралелно со изброт на нов претседател, СПД сака да одлучи и дали ќе остане во големата коалиција или предвремено да ја напушти. Мнозинството Германци не одобруваат таков потег. Шест од десет лица и покрај сета критика сакаат да продолжи коалициската работа на Унијата и СПД до изборите есента во 2021 година.

Ангела Меркел и натаму омилена

Очигледно многу граѓани во сѐ понестабилни околности се за континуитет, а тоа го претставува и ликот на канцеларката. Ангела Меркел за 58 проценти од испитаниците важи за гарант дека на Германија и покрај меѓународните кризи ѝ е добро. На листата на најомилени политичари Меркел е повторно број еден. Со голема разлика следува Хајко Мас од СПД и министерот за финансии Олаф Шолц од СПД. Помалку омилена е претседателската на ЦДУ и министер за одбрана Анегрет Крамп Каренбауер, со чија работа се задоволни само 20 проценти од испитаниците. Тоа е најлош резултат досега за АКК, како што ја нарекуваат министерката.

Infografik Sonntagsfrage De

Кога сега би се одржувале избори за Бундестагот...

Граѓаните се плашат од климатските промени

Минатата недела Инфратест димап ги ипитуваше гласачите во Саксонија и Бранденбург и околу нивните најголеми стравови. Теми како климатските промени и миграцијата ја предводат листата. Слични се и грижите на сојузно ниво. 76 проценти од граѓаните се загрижени дека климатските промени ќе ја нарушат базата за егзистенција. Миграцијата пак на сојузно ниво помалку се дебатира отколку во двете покраини. Половина од граѓаните во Германија се плашат дека влијанието на исламот во Германија е преголемо и дека германскиот јазик и култура би можеле да бидат потиснати. Таквиот страв го делат 92 проценти од приврзаниците на АФД.

Општеството се цепи

Германците се исто толку загрижени дека се намалува подготвеноста за компромис и изнаоѓање решенија кај политичките партии. Тројца од четворица граѓани се загрижени дека партиите веќе не можат да најдат заеднички именител за итни политички прашања. Уште е поголем стравот дека општеството се расцепкува. Споредбено со овие страхувања, личните економски грижи на граѓаните се релативно во заден план, но стануваат повидливи. Во рамки на едно тромесечие бројот на лица кои страхуваат дека во иднина нема да може да си го одржат животниот стандард пораснал од 30 на 38 проценти.

Повеќе пари за повеќето граѓани

Така погледнато граѓаните веројатно се среќни за некои мерки кои ги предлага владата, како укинувањето на солидарниот додаток за истокот на земјата. Но, данокот кој беше воведен по повторното обединување со Источна Германија со цел да се помогне во развојот на источните покраини, ќе важи и натаму за оние лица кои се вбројуваат во апсолутните топ заработувачи. За таквите планови позитивно се изјасниле 55 проценти од Германците. Најголемо одобрување на нееднаквиот третман има меѓу приврзаниците на Зелените. Интересно е дека и приврзаниците на ЦДУ и ЦСУ го одобруваат солидарниот додаток, иако тие две партии сакаа целосно да го укинат.

 

DW.COM

Реклама