1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Russland Gedenktag der Opfer des Stalin-Regimes
Фотографија: DW
Конфликти

Во Украина откриена масовна гробница од ерата на Сталин

ЖА
26 август 2021

Во Украина се откриени посмртни останки на илјадници луѓе, веројатно жртви на чистките на Сталин.

https://p.dw.com/p/3zWT4

Во близина на Одеса, во јужниот дел од Украина, се откриени коски на 5.000 до 8.000 луѓе, закопани во неколку гробови. Бројката може и да расте, со оглед што работите на ископувањето уште се во тек, изјави Сергеј Гузаљук, регионален раководител на Украинскиот институт за национално сеќавање. Тој претпоставува дека станува збор за луѓе кои биле ликвидирани меѓу 1937 и 1939 година од страна на советската тајна полиција НКВД. Ова е најголемата досега откриена масовна гробница во Украина, а на неа се наишло случајно при градежните работи за проширување на аеродромот во Одеса, истакнува Гузаљук. Во околината и порано биле пронајдени масовни гробови. 

Идентификацијата на жртвите е невозможна, вели Гузаљук, зашто документите од времето на советскиот диктатор Јозеф Сталин се наоѓаат во Москва. „Овие документи, во време на актуелната влада во Русија, во никој случај нема да ни бидат достапни и предадени“, вели тој. 

Откако Русија го анетираше Крим во 2014 година, односите меѓу Москва и Киевдрастично се влошија. 

Според проценките на украинските историчари, во времето на сталинизмот стотици илјади Украинци биле затворени во гулаци, логори за присилна работа или пак биле егзекутирани. Освен тоа, милиони Украинци умреле за време на големиот глад меѓу 1932 и 1933 година, предизвикан од Сталин преку принудната колективизација во земјоделството. Украина тоа го смета за организиран геноцид.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Nord-Mazedonien | Feierlichkeiten zum 151 Geburtstag von Goce Delcev (Goce Delchev)

Одбележување на роденденот на Гоце Делчев во тензии

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница