Во ноември предвремени избори во Данска
24 октомври 2007Реклама
Премиерот на Данска Андерс Фог Расмусен најави предвремени парламентарни избори за 13 ноември. Регуларен изборен термин би бил дури во февруари 2009-та година. Поради солидниот стопански пораст и ниската стапка на невработеност, анкетите и’ предвидуваат добар резултат на сегашната христијанско-либерална коалиција што ја сочинува малцинската влада на Данска, предводена од Расмусен.