Во Кемниц останува опасно | Свет | DW | 28.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Во Кемниц останува опасно

Во протестите на десничарски и левичарски демонстранти во германскиот град Кемниц се повредени најмалку шест лица. Атмосферата во градот е зовриена од викендот, кога со нож беше прободено едно лице.

Deutschland Demonstration der rechten Szene in Chemnitz (picture-alliance/dpa/J. Woitas)

Кемниц, 27.08.2018: Демонстранти од десничарската сцена палат пиротенички материјали и веат германски знамиња

Во протестите во центарот на Кемниц вчеравечер се повредени шест лица, но полицијата не исклучува дека нивниот број може да се зголемува. На протестите, како што се вели, било фрлано со пиротехнички материјали и други предмети. Учесниците на протестите зборуваат за агресивна атмосфера. Демонстрациите се завршени, барем засега.

„Лов“ на мигранти

Повод за протестите беа насилните безредија од викендот, кои се случија на маргините на еден фестивал во Кемниц. Причина за нив беше смртта на 35-годишен Германец, кој бил прободен со нож. По 23-годишен Сириец и 22-годишен Ирачанец е издаден налог за апсење. Постојат сомневања дека двајцата во ноќта меѓу саботата и неделата повеќепати „без оправдана причина“ ја проболе жртвата со нож, соопшти обвинителството во Кемниц. По инцидентот дојде до насилни безредија. На видео-снимки на интернет од настаните во неделата се гледа како се напаѓаат мигранти и како тие се „буквално ловени“.

Chemnitz Abbruch von Stadtfest (picture-alliance/dpa/A. Seidel)

Полицијата призна дека немала доволно службеници и дека не се сметало со толкав број демонстранти

На демонстрациите вчеравечер полицијата се обидуваше да ги раздели учесниците на протестите на десничарското движење „Про Кемниц“ и учесниците на демонстрациите на движењето „Кемниц без нацисти“. Притоа, портпарол на полицијата призна дека нема доволен број службеници за да излезе на крај со толкав број луѓе и дека се сметало само со неколку стотици учесници на протестите. Телевизијата МДР информираше дека на собирот на десничарското движење „Про Кемниц“ учествувале околу 5 илјади луѓе, а од другата страна имало неколку стотини левичарски контрадемонстранти.

Повеќе: Две третини од Германците сметаат дека земјата има проблем со расизмот

Владата на покраината Саксонија по судирите и нападите од страна на десни радикали врз странци во Кемниц, најави решителни дејства. Саксонскиот премиер Михаел Кречмер го осуди земањето на правдата во свои раце и рече: „Одвратно е како десните екстремисти ја подгреваат атмосферата на интернет и повикуваат на насилство.“

Сојузната влада во Берлин ги осуди ксенофобичните безредија од неделата. Портпаролот Штефен Зајберт изјави дека лов на луѓе со поинакв изглед е неприфатлив.

DW.COM

Реклама