1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Украинскиот претседател Володимир Зеленски апелираше до светот да ѝ се спротистави на руската инвазија во видео обраќање на англиски јазик
Украинскиот претседател Володимир Зеленски апелираше до светот да ѝ се спротистави на руската инвазија во видео обраќање на англиски јазикФотографија: Ukrainian Presidential Press Office/dpa/picture alliance
Конфликти

Зеленски повикува на протести ширум светот

СН/агенции
24 март 2022

Пред точно еден месец започна руската агресија врз Украина. По тој повод украинскиот претседател повика на протести ширум светот денеска. Русија сака да ја уништи слободата на сите луѓе, порача Зеленски.

https://p.dw.com/p/48xoy

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски,  апелираше до луѓето ширум светот денеска јавно да протестираат против руската инвазија врз неговата земја.  Во жестокиот говор во пресрет на 24 март, еден месец по почетокот на руската агресија, Зеленски го повика светот „да се спротивстави на војната“.

„Излезете на улиците и на плоштадите, нека ве слушнат. Покажете го своето мислење! Дојдете од вашите канцеларии, вашите домови, вашите училишта и универзитети. Дојдете во име на мирот. Дојдете со украински симболи да ја поддржиме Украина, да ја поддржиме слободата, да го поддржиме животот. Дојдете на своите плоштади, своите улици. Направете се видливи и слушнати. Кажете дека луѓето се важни. Слободата е важна. Мирот е важен. Украина е важна. Од 24 март. Во центрите на вашите градови. Сите заедно кои сакаат да запре воната. Војната на Русија не е само војна против Украина. Нејзиното значење е многу пошироко“, рече Зеленски вчера, за првпат обраќајќи се на англиски јазик.

Солидарност со Украина ширум светот

Тој кажа оти „Русија започна војна против слободата“ и додаде дека тоа е „само почеток за Русија“.

Стотици цивили се убиени, стотици се ранети и повеќе од три милиони Украинци ја напуштија својата земја откако Русија го започна својот напад на 24-ти февруари.

Осврнувајќи се на самитите на НАТО, ЕУ и на Г7, кој денеска ќе се одржат во Брисел, украинскиот претседател Зеленски повика на „смислени чекори“ и спомена оти разговорите ќе откријат „кој е пријател, кој е партнер, а кој нѐ предал поради пари“.

„Политичарите, исто така, мораат да ја поддржат слободата. Сите тие мораат да ја поддржат борбата за живот. Чекаме смислени чекори од НАТО, ЕУ и од Г7. Знаеме дека Русите веќе почнаа да лобираат за своите интереси. Тоа се интереси за војна. Знаеме оти работат со некои партнери. Знаеме дека сакаат да го решат овој проблем. Борба против војна. Но, ова е војна која треба да се угаси“, рече Зеленски.

 

Прескокни го блокот Поврзани теми

Поврзани теми

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

загадување Скопје

Стотина граѓани сакаат да „посвојат“ мерна станица во Скопје

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница