Војната на зборови ескалира | Свет | DW | 24.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Војната на зборови ескалира

Турскиот претседател и израелскиот премиер одново влегоа во жесток вербален судир. Нетанјаху е тиранин, обвини Ердоган. Репликата на Нетанјаху гласеше: Ердоган ги масакрира Курдите. Спиралата на обвинувања продолжува...

Вербалниот конфликт меѓу Израел и Турција кулминираше откако Анкара го изедначи израелското присуство на палестинските територии како „нелегална окупација“, откако премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, ја обвини Турција дека масакрира Курди. Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, го нарече Нетанјаху „ладнокрвен убиец на модерното време“ пренесоа израелски медиуми.

„Окупаторот кој шутира луѓе додека лежат на земја, лесно се навредува“, напиша Чавушоглу на Твитер со фотографија на која се гледа мртов Палестинец, како тоа се прави и како израелските војници апсат Палестинци.

Чавушоглу оцени дека „Нетанјаху е одговорен за масакрирање на илјадници невини Палестинци, бомбардирање деца на плажи“, најавувајќи оти „Турција никогаш нема да престане да ја открива вистината“.

Оваа негова оценка е дел од лути обвинувања на сметка на Израел од страна на турски официјални лица, по острите меѓусебни критики меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и Нетанјаху, наведуваат израелски медиуми.

Türkei Mevlut Cavusoglu, Außenminister in Ankara (Getty Images/AFP/A. Altan)

Мевлет Чавушоглу

Освен Чавушоглу, портпаролот на Ердоган, Ибрахим Калин, објави на Твитер дека „наместо да го моли претседателот Ердоган да не ја зборува вистината, Нетанјаху би требало да ја заврши незаконската окупација на палестинската земја и бруталното угнетување на палестинскиот народ“.

Тој додаде дека ударите на Ердоган и користењето на Курдите како адут нема да го спасат Нетанјаху од проблемите дома.

Турскиот министер задолжен за преговорите со ЕУ, Омер Челик, наведе оти „Нетанјаху е многу вознемирен поради предупредувањата“ на Ердоган за хуманост при угнетувањата, додавајќи дека ќе му биде непријатно бидејќи вистината нема да запре.

Ердоган во саботата на еден собир во Истанбул обвини дека Евреите и Израел тепаат палестински жени и деца. Зборуваше за „државен терор“ и го нарече Нетанјаху „тиранин“. 

Нетанјаху во одговорот остро ја критикуваше турската окупација на северен Кипар и односот на турската војска кон курдското малцинство во Турција и кон Курдите во северна Сирија.

Израелските медиуми потсетуваат оти односите на двете земји се долго затегнати, но дека уште повеќе се влошија во мај по израелскиот одговор на насилните палестински протести на границата на појасот Газа во кои беа убиени десетици Палестинци.

Реклама