Водечките германски партии на терапија | Свет | DW | 16.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Водечките германски партии на терапија

Во обид да ги вратат загубените гласови од крајно левите и десните партии, СПД и ЦДУ се обидуваат да ги редефинираат своите политички програми. Притоа ризикуваат многу, смета Фабијан фон дер Марк

Откако во неделата и ЦДУ (Христијанско-демократска унија) и социјалдемократите- СПД одржаа одвоени внатрепартиски состаноци, станува јасно дека на обете им е потребна терапија. Нивната траума накусо се дефинира на следниот начин:
Социјалдемократите страдаат од фактот што, како партија на солидарност, веќе 16 години применуваат политики за намалување на социјалната поддршка, отворајќи го патот за социјалистичката Левица да ужива стабилни десет проценти рејтинг во Бундестагот.
Демохристијаните, кои се водечка владејачка партија заедно со сестринската Христијанско-социјална унија (ЦСУ), се соочуваат со иронијата дека како партија на „правото и поредокот“, ја загубија популарноста поради релативно либералната имигрантска политика за време на напливот на бегалци во 2015 година.
Оттогаш, десно-популистичката Алтернатива за Германија (АфД) освои најмалку по 10 проценти од гласовите на граѓаните во сите 16 покраински парламенти во земјата, како и на национално ниво.
Дополнително, се чини дека на Германците им е преку глава од веќе втората по ред широка коалиција меѓу конзервативците и социјалдемократите, и трета од 2005 година наваму. Обете партии забележаа историски ниски резултати на последните парламентарни избори во 2017 година, по што наталожените проблеми излегоа на површина.

Спасот е во партиски воркшопови?

Во ЦДУ се обидуваат да го денфуваат проблемот со бегалците на Меркел преку сесии кои се нарекуваат „работни разговори“. И самата канцеларка во повеќе наврати повтори дека ситуација како онаа во 2015 не смее да се повтори. Откако избраа нов партиски лидер, ЦДУ сега се обидува да го ублажи притисокот од десницата со нов план со кој треба да се осигура дека 2015 нема да се повтори. Но, критичарите во и надвор од партијата, веќе препознаа дека партијата ги увидела своите грешки од минатото и сака да ги исправи. На „работните разговори“ учесниците на сите начини се обидуваа да го избегнат впечатокот дека се обидуваат да постигнат некаков компромис со канцеларката Меркел, или пак дека сакаат да ја повлечат партијата повеќе надесно.

von der Mark Fabian Kommentarbild App

Фабијан фон дер Марк


Слични обиди прави и СПД со промоцијата на концептот „нова држава на благосостојба“. Партискиот лидер Андреа Налес повторуваше дека нема потреба да се извинува за било што, но и дека партијата го напушта концептот „Харц 4“.
Токму контроверзниот социјален систем Харц 4 кој го воведе владата на Герхард Шредер во 2002 година, според критичарите, е причината што на партијата се помалку се гледа како на солидарна со невработените. Сега СПД тврди дека новиот концепт нуди поголема хуманост. Но, влијателниот левичарски весник Зидојче цајтунг веќе го отфрли тој концепт со насловот „СПД раскинува со Харц 4“.

Враќање кон корените

Обете партии на овој начин се обидуваат да ги смират внатрешните и надворешните критичари. Сакаат да покажат дека можат да расчистат со старите непопуларни политики и да им се вратат на корените. Политичката калкулација зад овие потези е надежта дека гласачите сега повторно ќе знаат за што се залагаат ЦДУ и СПД, што можеби беше проблем во изминатите години. Диференцијацијата на двете големи партии е клучот за нивното преживување: само доколку успеат да ги сочуваат своите специфични профили тие ќе бидат во можност да ги мобилизираат потенцијалните гласачи, и покрај заморот од големата коалиција во голем дел од населението.
Но, нема гаранција дека оваа стратегија ќе функционира за овие партии. Најпрво, постои ризик дека судирот на аргументи меѓу двете партии, гласачите можат да го сфатат како сериозен судир во владата. Второ, центристичките гласачи би можеле да се почувствуваат отуѓени од новото позиционирање. Трето, копирањето на политиките на радикалите носи ризик дека гласачите би можеле сепак да се одлучат за „оригиналот“.
Но, доколку ЦДУ и СПД ги засилат своите крила, без да го загубат центарот, тој пат би можел да води до успех.

DW.COM

Реклама