Висока цена за четвртиот мандат на Ангела Меркел | Свет | DW | 08.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Висока цена за четвртиот мандат на Ангела Меркел

Силен потрес во Берлин. Постојано излегуваат нови изненадувања. Канцеларката Меркел конечно успеа да добие ДА од еден коалициски партнер, но таа и демохристијаните за тоа плаќаат висока цена, смета Катарина Крол.

Беше ден на зурли и тапани каков што дури и искусни политичари ретко го доживуваат. Долгото чекање на коалициски договор ги зашемети сите, па дури и „зависниците" од политика.
И потоа се случи: Социјалдемократската партија (СПД) се врати на сцената и покажа колку вреди. Партијата која на сојузните избори доби историско ниски 20,5 % од гласовите, си ги обезбеди клучните министерства за финансии, за надворешна политика, како и за труд и социјална политика. Каков преговарачки успех. Кој во Министерството за финансии може да го отвара или затвора трезорот, тој ја води цела политика на Владата. Кој седи во Министерството за надворешни работи игра на светската сцена и за тоа добива аплауз во Германија. Министрите за надворешни работи се речиси секогаш омилените политичари во земјата. А, на СПД во моментов и се потребни омилени водечки фигури во нејзините редови. Министерството за труд и социјална политика за СПД значи дека ќе може на терен да креира конкретни политики, кои се толку важни за нејзините гласачи: социјалната правда.

Повеќе на темата:

-Германија: Последниот збор ќе го има СПД

-Постигната согласност за владина коалиција во Германија

-Поддршка од новата германска влада за Западниот Балкан

Од редовите на ЦДУ е канцеларката и што друго останува?

Човек се прашува што друго останува за партиите на Унијата? Од Христијанско-демократската унија (ЦДУ) е канцеларката, но по таа функција има голем празен простор. Ниту едно од вистински врвните министерства. Освен тоа не постои вистински голем проект на Унијата. Да, Ангела Меркел успеа конечно да постигне коалициски договор. Таа притоа делуваше во интерес на земјата и на стабилноста. Во странство тоа се цени, но дома не остава баш победнички впечаток.

Ангела Меркел, всушност светски ценета како мајстор на преговарачката маса, мораше овие преговори да ги води од стратешки екстремно неповолна позиција. Обидите за сојузништво со либералната партија ФДП и со партијата на Зелените уште кон крајот на ноември грандиозно пропаднаа. Времето си притискаше. Меѓународно Германија во моментот е само ограничено способна за делување, а народот одамна е изнервиран од долгото чекање на нова влада. Згора на тоа имаше и странични напади од сопствените редови, па дури се шпекулираше и за наследник на Меркел. СПД беше и е последен спас за Ангела Меркел. Но, таа сѐ уште мора да добие согласност од членството, што би можело да излезе тесно, па оттаму исто така имаше голем потенцијал за уцени. Лоша стартна позиција за голем успех на шефицата на ЦДУ.

DW Katharina Kroll (K. Kroll)

Катарина Крол, авторка на коментарот


Дополнително на тоа стои и фактот дека Меркел е пред својот последен мандат. Мора да го искористи за да го среди прашањето за нејзиниот наследник. Но, кој ли и во кое министерство сега да се профилира за таа улога?

СПД си добива нов почеток

Сосема различна е ситуацијата за СПД. Мартин Шулц разбра. Со голема веројатност ќе се повлече од позицијата претседател на партијата. Неговата веродостојност беше разнишана, направи премногу стратешки грешки. Партијата сака нов почеток и си го доби. Силна порака за членовите кои беа во дилеми.
За себе Мартин Шулц си го обезбеди Министерството за надворешни работи. Тоа е позицијата која од секогаш ја имаше во фокусот. Тој е европски политичар до последна пора, надворешната политика е неговото поле. Ги познава големите имиња во светов, запознаен е со меѓународните конфликти, уметноста на високата дипломатија ја негуваше со години. Кога тој зборува за Европа човек чувствува дека гори за темата. За внатрешната политика честопати не беше така. Тоа во покажа и предизборната кампања.
Сега членовите на СПД мора да се согласат со коалицискиот договор. Тоа значи уште натамошни 4 недели чекање. Преговарачите на СПД и пред сѐ Мартин Шулц со неговиот консеквентен потег придонесоа одобрувањето да стане поверојатно. Ангела Меркел од овој ден е чекор поблиску до својот четврти мандат, но и до своето збогување.

 

DW.COM

Реклама