Верските лидери апелираат: Да бидеме силни и да ги почитуваме мерките | Северна Македонија | DW | 22.10.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Верските лидери апелираат: Да бидеме силни и да ги почитуваме мерките

Верските лидери се обединија во борбата против Ковид-19. Во заеднички апел тие порачаа дека е време кога секој човек мора да покаже грижа и да даде личен прилог во справувањето со настанатата состојба.

Верските лидери се обединија во борбата против Ковид-19. Во време кога болеста зема се’ поголем замав, тие упатија заеднички апел до верниците за почитување на мерките за да го заштитат сопственото здравје, но и здравјето на најблиските.

„Сега е време кога секој човек мора да покаже грижа и да даде личен прилог во справувањето со настанатата состојба. Мерките треба да ги почитуваме постојано, во внатрешен и надворешен простор, на работните места, во верските храмови, во домовите и на јавните површини. Во овие времиња да бидеме силни и свесни дека искушенијата доаѓаат поради лично преиспитување и зацврстување во верата“, се вели во апелот на црквите, верските заедници и религиозните групи спомнати во Уставот.

Македонската православна црква (МПЦ-ОА) и Исламската верска заедница (ИВЗ) беа критикувани изминатиот период дека се оглушиле и не презеле никакви чекори да ги затворат вратите на верските објекти за масовно собирање на нивните верници. Со тоа одбиле да ги променат практиките што можат да придонесат за ширење на коронавирусот, а одржувањето на литии, масовни верски собири и прослави дополнително се проценуваше како „темпирана бомба“ која секој момент може да експлодира со се’ поголем број на заболени.

Во денешниот апел свештениците и оџите порачуваат верниците и сите граѓани на Северна Македонија, на актуелната состојба со коронавирусот да гледаат со највисок степен на сериозност и со целосно и доследно почитување на сите пропишани мерки да го заштитат сопственото, здравјето на блиските, на здравствените работници и со тоа на севкупното општество.

Повеќе:

Религијата во доба на коронавирус

МПЦ-ОА: Молете се во срцата!

Ријасетот на ИВЗ го прогласи Сулејман Реџепи за бивш

Како Струга, нема друга

Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, в.д. реисул улема на Исламската верска заедница х. хфз. Шаќир еф. Фетаху, бискупот скопски и епарх струмичко-скопски монсињор Киро Стојанов, претседателот на Еврејска верска заедница, Романо Николиќ и супериндендентот на Евангелско-методистичка црква Марјан Димов, во апелот, којшто го испрати Комисијата за односи со верските заедници, посочуваат дека доследното почитување на мерките не треба да се толкува како имање слаба вера, туку како имање љубов и грижа за другите.

Гледај видео 01:19

#dw_BalkanBooster: Бајрамско празнување во време на корона

Реклама