Вартоломеј: Заедничката литургија на поглаварите Порфириј и Стефан е чин на помирување | Северна Македонија | DW | 23.05.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Вартоломеј: Заедничката литургија на поглаварите Порфириј и Стефан е чин на помирување

На 24 мај македонскиот и српскиот црковен врв ќе одржат заедничка божествена литургија во Соборниот храм во Скопје.

Во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, српскиот патријарх г. г. Порфириј и архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со архијереи од двете цркви, на 24 мај со почеток во 9 часот ќе служат Божествена литургија. Делегацијата на СПЦ на покана на поглаварот на МПЦ-ОА, г.г Стефан е во канонска посета на македонската црква, откако на 19 мај се одржа заедничка литургија на помирување во храмот Свети Сава во Белград. 

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја поздрави литургијата на помирување што ја одржаа СПЦ и МПЦ-ОА со која беше ставен крај на 55-годишниот раскол, само неколку дена по одлуката на Вселенската патријаршија да ја прифати Охридската архиепископија во канонска и евхаристиска заедница.

На средба со професори и студенти од Богословијата „Св. Петар Цетињски“, кои се во посета на Вселенската патријаршија, патријархот Вартоломеј рече дека сослужувањето на српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски Стефан со право може да се оцени како чин на помирување и соработка, кој се случи само неколку дена по неговата историска одлука во однос на црквата во Северна Македонија.

„Преку вас ја поздравувам светата црква на Србија и срдечно го прегрнувам нејзиниот поглавар, најљубениот и блажениот патријарх г. Порфириј. Нашите две цркви се поврзани со свети и неуништливи врски, на заедничка вера и заеднички борби, и врски на љубовта на мајката кон својата сакана ќерка, кои според апостол Павле, никогаш не пропаѓаат“, порача вселенскиот патријарх.

Според најавите на македонските црковни лица до крајот на месецов се очекува сите православни цркви да го прифатат канонското единство на МПЦ-ОА и да биде потпишан томосот од цариградскиот и српскиот патријарх.