Филипче најави можна вакцинација и на деца од 12 до 16 години | Северна Македонија | DW | 28.05.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Филипче најави можна вакцинација и на деца од 12 до 16 години

И македонските власти размислуваат да започнат со вакцинација на малолетни деца во периодот до почетокот на следната учебна година. Вакцинираните во Србија ќе можат да се пријавуваат на сајт за „ревакцинација“.

Во текот на следните месеци ќе се прават анализи за можно вакцинирање на децата од 12 до 16 години во Северна Македонија, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Целта, според министерот, е да се изработат протоколи со кои ќе се овозможи децата да се вратат на физичка настава во училиштата од 1 септември. Филипче вели дека во САД е веќе во тек вакцинирање на децата на таа возраст, и најавува дека може да се проектираат доволни количества вакцини на Фајзер/Бионтек доколку се донесе одлука да се вакцинираат и помладите генерации. Таквата вакцинација нема да биде обврзувачка. 

-повеќе на темата: Германија: Вакцини за деца

Venko Filipce

Венко Филипче најавува вакцинирање на децата

Македонските државјани кои се вакцинирале во соседна Србија наскоро ќе имаат можност да се пријават на нов сајт кој ќе го носи името „ревакцинација“ и ќе биде дел од вакцинација.мк. Граѓаните над 60 години ќе можат да се ревакцинираат со вакцината на АстраЗенека и во С. Македонија, а останатите тоа можат да го сторат во Србија, со тоа што ќе им биде признаен сертификатот и преку QR ќе можат да ги внесат податоците во македонскиот „зелен пасош“.

Филипче сѐ уште нема информации дали и кога ќе пристигнат следните дози на руската вакцина Спутник V во земјата, иако такво нешто беше најавено за крајот на месецов.

Министерот за здравство објасни дека со новите олеснувања на мерките се задржува полицискиот час по полноќ со цел да се ограничат групирањата на граѓаните во тој период од ноќта.

DW.COM