Вакцинирање против Ковид-19 и дома | Северна Македонија | DW | 24.07.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Вакцинирање против Ковид-19 и дома

Македонските здравствени власти ја прошируваат понудата на можности за имунизација против коронавирусот. Од понеделник ќе може да се закаже и вакцинирање во домашни услови.

Освен на вакциналните пунктови и на теренската вакцинација, од понеделник, според најавата на македонското министерство за здравство, вакцинирање против Ковид-19 , ќе може да се закаже и во домашни услови. Понудата, според министерството, важи за граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да примат вакцина на вакцинален пункт.

Закажувањето е преку директно јавување во здравствените домови, а може да го направат и директно со пријавување на пунктовите за вакцинација. Според министерството, граѓаните може да се јавуваат за вакцинација со домашна посета на телефонски броеви во секој од здравствените домови во државата.

Инаку имунизацијата против коронавирусот во земјата, се одвива со засилено темпо. По завчерашните рекордни 19.274 аплицирани вакцини,  вчера ширум земјата се вакцинирале вкупно 17.085 граѓани. Од нив прва доза на вакцината примиле 5.977 а останатите се ревакцинирале.  Во државата вкупно се аплицирани 818.295 дози вакцини, а ревакцинирани се 330.320 граѓани. Заклучно со вчерашниот ден вакцинирани со една или две дози од ковид-вакцините се вкупно 487.975 граѓани.

Повеќе:

-Рекорден број имунизирани во еден ден - се вакцинираа 20 илјади граѓани

-Филипче: Има новозаразени меѓу вакцинираните, но со лесни симптоми

-Започнува имунизацијата на децата, со „Фајзер“ ќе се вакцинираат 1.800 адолесценти

Со последните бројки 62 oтсто од населението над 70 години имаат примено
барем една доза вакцина, 59 проценти од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 55 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45 отсто од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Според министерството, граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата, а процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.

Гледај видео 01:57

Србија: Вакцина за доверба

Инаку македонски граѓани и натаму, иако во значително помал број се вакцинираат и во соседна Србија. Така на пример, во Врање, според инфромациите на Здравствениот центар во овој српски град, коир ги пренесува новинската агенција МИА, вчера се вакцинирани 54 македонски државјани со првата доза и 55 лица со втората доза на вакцините на Синофарм и на Бионтек/Фајзер. 

Вкупно само во овој српски град, досега, со првата доза вакцинирани се 12.006, додека со втората доза вакцинирани се 9.392 македонски државјани.