1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Вакцината за Ковид-19 пристигнува по Нова Година

ДТЗ /ДВ
4 декември 2020

Вакцинирањето ќе биде бесплатно и на доброволна основа. Децата не се предвидени за вакцинирање. Приоритет ќе имаат здравствените работници од ковид-центрите, граѓаните над 65 години и хронично болните.

https://p.dw.com/p/3mFbE
BIONTECH Impfstoff
Фотографија: Laci Perenyi/imago images

Македонските граѓани на почетокот на идната година, најверојатно во февруари или март, ќе можат да ја примат вакцината за Ковид-19. Вакцинирањето ќе биде бесплатно и на доброволна основа. Приоритет во вакцинирањето ќе имаат сите здравствени работници од ковид-центрите и оние коишто работат со заболени или сомнителни пациенти со коронавирус. Децата не се предвидени за вакцинирање.

Министерот за здравство Венко Филипче по состанокот со Координативното тело за вакцини за Ковид-19, информираше денеска дека по здравствените работници и оние кои земаат брисеви и се изложени директно на зараза од коронавирус, на ред за вакцинирање ќе бидат граѓаните со над 65 години и пациентите со хронични болести, во делот на хронични белодробни и кардиоваскуларни болести, вработените во критичната инфраструктура и во транспортот. Вакцината ќе се дава само на пациенти во добра општа здравствена состојба. И оние коишто го прележале коронавирусот ќе можат да се вакцинираат, но тие нема да бидат меѓу приоритетните групи. Цента е 60 до 70 проценти од популацијата да ја прими вакцината, што би било доволен процент за стекнување имунитет.

Две дози

Според надлежните потребно ќе биде да се примат две дози од вакцината. по примањето на првата доза, ќе треба да помине 21 ден, по што ќе може да се прими и втората дома. По дваесет и првиот ден се очекува заштитниот ефект на вакцината. Заедно со вакцините, на почетокот на јануари во земјава треба да пристигнат и специјалните фрижидери во кои ќе се чуваат вакцините против Ковид-19 на минус 70 степени. Тие преба да пристигнат од САД. 

-повеќе на темата: Вакцинација против коронавирус во ЕУ - од јануари

Вакцинацијата ќе се врши во пунктовите и во болниците. Вакцинацијата на специфични групи здравствени работници ќе се врши во јавните здравствени установи каде тие работат. „Во однос на логистиката и транспортот веќе имаме состаноци со повеќе економски оператори кои веќе работат на ова поле, увоз, складирање и дистрибуција на други вакцини. Сите укажаа дека се согласни да се дел од овој систем и ќе ги понудат своите услуги за што ќе подготвиме договори. Дојде потврда од една Американска фондација за потребните фрижидери на минус 70 степени и тие ќе стигнат на почетокот на јануари и ќе бидат дел од овој систем на чување и дистрибуција на вакцините во државата“, вели Филипче.

Nord-Mazedonien Gesundheitsminister Venko Filipce
Вакцинирањето ќе биде бесплатно за сите граѓани, вели ФилипчеФотографија: DW/P. Stojanovski

Вакцини за 400 илјади граѓани

Веќе се обезбедени 833 илјади вакцини за 400 илјади граѓани, преку Ковакс-механизмот на СЗО и на Глобалната алијанса за имунизација, а во кои учествуваат сите соседни земји, освен земјите членки на ЕУ, кои имаат можност за директен договор со компаниите кои произведуваат и дистрибуираат вакцини. „Дополнителна количина ќе можеме директно да набавиме од ‘Астра Зенека’ и од „Фајзер“. Добивме понуда и од Полска и од Грција, кои грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис му ги понудил на премиерот Зоран Заев и од нив се обезбедени дополнителни околу 800 илјади вакцини“, вели министерот Филипче. 

-повеќе на темата: Германија има посебна стратегија за вакцинирање против корона

Набавната цена на вакцината што ќе ја плати државата е 10 долари за доза.

„Епидемијата е се уште многу силна. Има голем број заразени. Пред нас претстои период на семејни собири и слави. Апелирам и замолувам сите да се воздржиме од прослави и собири. Сигурен сум дека следната година новогодишните и сите други празници ќе се слават како што тоа било порано, но оваа година сите да ги почитуваме мерките и да не се групираме заради тоа што тоа е најефикасниот начин на спречување на патот на заразата“, рече Филипче. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи