Вакцинацијата останува доброволна, но Меркел со апел до граѓаните: Вакцинирајте се | Информации и анализи за Германија | DW | 13.07.2021

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Вакцинацијата останува доброволна, но Меркел со апел до граѓаните: Вакцинирајте се

Германија не планира задолжителна вакцинација како во Франција, но канцеларката Ангела Меркел со порака до граѓаните – вакцината ги штити и вашите блиски.

 „Немаме намера да тргнеме по примерот на Франција, веќе рековме дека задолжителна вакцинација нема да има“, изјави канцеларката Ангела Меркел денеска по разговорот со сојузниот министер за здравство Јенс Шпан и првиот човек на Институтот Роберт Кох, Лотар Вилер во Берлин. 

Меркел смета дека промената на овој став нема да донесе доверба, туку таа ќе се стекне преку убедување на граѓаните да се вакцинираат. На некои вакцинацијата им изгледа непотребна и заканувачка, рече Меркел, но „на сите кои се несигурни дали ќе се вакцинираат им порачувам: вакцината не ве штити само вас, туку и некој кој ви е близок, кој ви е важен и кого го сакате“.

Заради справување со поагресивните мутации на коронавирусот, треба да бидат вакцинирани 85 % од населението од 12 до 59 години, како и 90 % од граѓаните над 60-годишна старост, истакна Меркел, а „од оваа квота уште сме многу далеку“. Без зголемен процент на вакцинирани се закануваат повторно растечки бројки на случаи на Ковид-19“, потенцира Меркел. 

Deutschland | Merkel besucht Robert-Koch-Institut RKI

Лотар Вилер, Ангела Меркел и Јенс Шпан во Берлин

Вакцината штити не само од тежок тек на болеста, туку и од оптоварливи ограничувања во секојдневието. „Колку повеќе луѓе се вакцинирани, толку сите ние ќе бидеме послободни, толку послободно ќе можеме повторно да живееме“, рече Меркел. Таа истакна дека владата презема сѐ што може за да се избегне нов локдаун при евентуален четврти бран коронавирус наесен: развојот е позитивен, но пандемијата не е завршена.

-повеќе:

„Подзаспана“ имунизација во Германија: 500 евра награда за вакцинирање?

Половина година корона-вакцини: европски биланс

Лето, сонце - четврти бран на коронавирусот?

Меркел и Шпан разговараа со Вилер околу влијанието на имунизирачката кампања врз текот на пандемијата на коронавирус и повторниот раст на нови инфекции во земјата преку Делта варијантата.

Во Германија во моментов барем една доза вакцина имаат примено преку 58 % од граѓаните, целосно заштитени се околу 43 %.

Поради ширењето на Делта сојот на коронавирус, Франција и Грција воведуваат задолжително вакцинирање на вработените во здравството, а ваква мерка воведе и Италија во март годинава. 

 

Поврзана содржина