1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вадефул: Разјаснување на безбедноста на Арктикот во НАТО

ЕМФ / ртр
13 јануари 2026

Германија ја отфрла идејата на Трамп за контрола врз Гренланд и инсистира на суверенитетот на Данска.

https://p.dw.com/p/56iZY
Канада Нијагара на езерото 2025 | Министрите за надворешни работи Вaдефул и Рубио
Министрите за надворешни работи на Германија и САД, Вaдефул и Рубио Фотографија: Soeren Stache/dpa/picture alliance

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул ги отфрли настојувањата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд и инсистира на исклучивото право на одлучување на Данска и Гренланд.

Истовремено, Вадефул по средбата со американскиот колега Марко Рубио во понеделникот (12.01) во Вашингтон ја истакна својата увереност дека во рамките на НАТО ќе се најде заеднички пристап за безбедноста во Арктикот.

„Да се зачуваат нашите интереси во арктичкиот регион е од клучно значење, тоа е задача за НАТО, која заеднички ја спроведуваме во Алијансата, и сметам дека Алијансата ќе ги разгледува овие прашања и во наредните денови“, рече Вадефул. „Јасно е, меѓутоа, дека безбедноста во Северниот Атлантик ја зајакнуваме само ако продолжиме да работиме заедно во рамките на Алијансата, солидарно и обединето“, додаде тој.

Кога конкретно станува збор за прашањето на Гренланд и Данска, „на Гренланд и на Данска им припаѓа правото да одлучат, а тоа е и право на луѓето кои живеат на Гренланд“, нагласи Вадефул. Затоа тој многу го поздравува фактот што оваа недела ќе има разговори меѓу данската и американската влада. „И немам никакво сомневање дека тоа ќе се случи во пријателска и партнерска атмосфера.“