1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бучковски во Белград

28 февруари 2005

Македонскиот премиер Владо Бучковски денеска е во псоета на Белград.

https://p.dw.com/p/AcGv

Нам и на Белград ние е јасно дека без странски инвестиции не можеме да постигнеме стопански раст кој е потребен за нашите граѓани да живеат подобро. Основна можност да бидеме атрактивни за инвеститорите е конечно да обезбедиме стабилна безбедносна состојба во регионот. Затоа влијанието на косовското прашање е пресудно не само за Србија и Црна Гора, туку и за целиот регион, изјави денеска македонскиот премиер Владо Бучковски за новинската агенција Танјуг, во очи на посетата. На средбите со државниот врв на Србија и Црна Гора македонскиот премиер има намера да потенцира дека активностите околу спроведувањето на демаракцијата на границата треба да почнат што побргу. Пред точно еден месец, македонскиот претседател Бранко Црвенковски и српскиот претседател Борис Тадиќ во Белград констатираа дека за решавање на проблемот со демаркацијата на границата меѓу Македонија и Србија, во делот кон Косово, нема конкретен рок, иако тоа треба да се направи што побргу и со учество на УНМИК. Само две недели претходно, косовскиот претседател Ругова изјави дека не го признава договорот меѓу Скопје и Белград за границата во делот на Косово и дека е тоа прашање што треба да се регулира со косовските институции.