Бундесверот ја продолжи мисијата во Либан | Вести | DW | 13.09.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Бундесверот ја продолжи мисијата во Либан

*

Германскиот Бундесвер уште една година ќе продолжи да патролира во меѓународните води на брегот на Либан. Сојузниот парламент во Берлин со големо мнозинство ја усвои одлуката за продолжување на мандатот до средината на септември 2008 година. Истовремено ќе се намали бројот на германските војници од 2400, на 14000. Инаку германската морнарица ќе продолжи да командува со мисијата на УНИФИЛ до фебруари наредната година. Мисијата има за цел спречување шверцот на оружје за потребите на Хезболах