Бугарскиот премиер ја одложи посетата на Скопје | Северна Македонија | DW | 11.01.2022
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Бугарскиот премиер ја одложи посетата на Скопје

Посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков е одложена на неопределено време, откако тој заврши во самоизолација поради контакт со позитивен на Ковид-19

Посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје е одложена на неопределено време, откако тој заврши во самоизолација поради контакт со позитивен на Ковид-19 на вчерашната средба на Консултативниот совет за национална безбедност во Софија. Од прес-центарот на бугарската влада за БНТ соопштиле дека посетата на Скопје не се откажува, туку дека се одложува, но не е јасно за кога.

Освен премиерот Петков и бугарскиот претседател Румен Радев е во самоизолација поради контакт со спикерот на Националното собрание, Никола Минчев, кој е позитивен на  коронавирус. Главниот државен здравствен инспектор на Бугарија, Ангел Кунчев, објави дека сите учесници на Советот за безбедност се во самоизолација. Според бугарските медиуми, на сила стапуваат нови мерки со кои перидот на изолација се намалува од 14 на 10 дена, а карантинот од 10 на седум дена.

Средба од која многу се очекуваше

Премиерот Петков беше најавено дека на 18 јануари ќе допатува во Скопје на средба со мандатарот Димитар Ковачевски, на која требаше да се разговара за надминување на спорот, со цел одблокирање на македонските евроинтеграции.

На вчерашниот повеќечасовен Консултативен совет за национална безбедност, Бугарија ги потврди своите позиции во однос на спорот со Северна Македонија. Бугарскиот претседател Румен Радев порача дека давањето согласност за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ не треба да биде врзано со рокови, туку со реални резултати, особено во однос на правата на македонските Бугари. 

Експремиерот на Бугарија и лидер на партијата, ГЕРБ, Бојко Борисов, оценува дека средбата била сосема непотребна, но сепак, на неа претседателот на државата, Румен Радев, му оневозможил каков било маневарски простор на премиерот Кирил Петков.

Албанија не сака одвојување од С.Македонија

Албанскиот претседател, Илир Мета, кој е во посета на Скопје, денеска порача дека не сакаат и не работат за одвојување на Северна Македонија од Албанија на патот кон ЕУ. „Работиме и силно се трудиме за двете земји што побрзо ги одржат првите меѓувладини конференции и тоа е една од причините за мојата посета“, вели Мета, којшто имаше средба со претседателот Стево Пендаровски. 

 

 

 

Поврзана содржина