Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!
Во одлуката на Бугарската православна црква се додава дека прашањето за името на „Православната црква на Северна Македонија“ допрва ќе се разгледува.
Светиот синод на Бугарската православна црква ја призна православната црква во Северна Македонија, но ја одложи одлуката за името.
„Денеска на својата целосна седница Светиот синод ги разгледа писмата од вселенскиот патријарх Вартоломеји српскиот патријарх Порфириј во врска со канонскиот статус на Православната црква на Северна Македонија и по гласањето одлучи: Бугарска православна црква – Бугарска патријаршија со духовна радост го поздравува одлуките за укинување на расколот и влегување во канонско и евхаристиско единство со Православната црква на Северна Македонија“, се наведува во соопштението.
Притоа во одлуката на Бугарската православна црква се додава дека „прашањето за името на Православната црква на Северна Македонија допрва ќе се разгледува“.
Ваквата одлука следи откако, на 9 мај Вселенската патријашрија ја призна Охридската архиепископија за канонска. Тоа значеше историски чин за македонската црква, која што е примена во православното семејство.
На 24 мај, српскиот патријарх Порфириј на литургијата во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје објави дека Саборот на СПЦ ја прифаќа и признава автокефалноста на МПЦ-ОА.