Бугарија со рози и подароци ги пречека првите странски туристи | Економија | DW | 26.06.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Бугарија со рози и подароци ги пречека првите странски туристи

Првите странски туристи во Бугарија денеска беа пречекани со рози и бугарски сувенири на аеродромот во Бургас. Лично ги поздрави надлежната министерка.

Со чартер-лет од Холандија на аеродромот во Бургас денеска пристигнаа првите странски туристи по избивањето на пандемијата на коронавирусот. Пречекани беа од бугарската министерка за туризам Николина Ангелкова, а добија по една црвена роза и бугарски сувенири. Пречекот беше дополнет и со фолклорна програма.

Bulgarien begrüßt erste ausländische Touristen mit Rosen (picture-alliance/J. Groeneweg)

Во Бургас денеска слетаа првите 190 странски туристи

Најсиромашната земја во Европската унија се потпира на туризмот, кој има удел од 12% во економското постигнување на Бугарија. Министерката Ангелкова, која признава дека времињата се тешки, се надева дека и покрај короната, овогодишната летна сезона ќе биде успешна. Ангелкова укажа дека на бугарскиот брег на Црното Море коронавирусот е малку раширен. Чартер-четови од Холандија би требало да има четирипати неделно.

Bulgarien Stadt Burgas (Soraya Musavi)

Ќе се наполнат ли празните плажи на бугарското крајбрежје?

Многу големи хотели на бугарското крајбрежје не знаат дали и кога повторно ќе отворат, со оглед на тоа што многу чартер летови се откажани - само во јули околу 150. Исто така, тешко е да се предвиди како ќе изгледаат работите со туристите од големите пазари како Германија, Велика Британија и Русија.

Повеќе:

Првите „тест-летувалци“ од Германија пристигнаа на Мајорка

Првите туристи пристигнаа во Црна Гора

Нови чекори за спас на грчкиот туризaм

Бугарија досега беше релативно малку погодена од коронавирусот, но бројот на заболени се зголеми прилично во текот на изминатите две недели и сега изнесува 4408.

Реклама