Бугарија пред нови избори | Европа | DW | 06.06.2014

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Европа

Бугарија пред нови избори

Една година по стапувањето на должност, бугарската социјалистичка малцинска влада е пред распад. Лидерот на владејачките социјалисти Сергеј Станишев најавува нови избори во земјата.

Владејачките социјалисти во Бугарија, по поразот што го претрпеа на изборите за Европскиот парламент, се изјаснија за предвремени парламентарни избори во земјата. „Ќе почнеме со советувања за тоа кога да се организираат нови избори“, изјави шефот на социјалистите Сергеј Станишев денеска (6.06) пред новинарите во бугарскиот парламент.

Нови избори би можеле да се одржат уште годинава, најави Станишев (на фотографијата). Инаку, помалиот коалиционен партнер во владата, партијата на Турците ДПС, уште вчера побара одржување предвремени избори. Во образложението на ДПС се вели дека избори се неопходни поради лошиот резултат на социјалистите на изборите за ЕП.

Социјалистите во моментов имаат 83 од 240 места во бугарскиот парламент. На изборите за Европскиот парламент тие остварија многу слаб резултат и со освоени 18,9% од гласовите се најдоа на втората позиција, зад конзервативната опозициона партија ГЕРБ, која освои 30,4% гласови.

Владата на Пламен Орешарски почна со работа во мај минатата година, по масовните протести во земјата и падот на владата во која доминираше ГЕРБ. Иако конзервативците и на изборите обезбедија победа, мораа да заминат во опозиција поради тоа што немаа коалициони партнери.