1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарскиот парламент го усвои францускиот предлог

ДТЗ
24 јуни 2022

Дилемата околу која се расправаше неколку часа беше дали да се тргне ветото или да има „македонска свадба - невестата е Русија, а миразот е во копејки“.

https://p.dw.com/p/4DBZS
Bulgarien erste Sitzung des neuen Parlaments
Фотографија: Reuters

Народното собрание на Бугарија, по повеќе пати прегласување, со 170 гласа „за“,  37 „против“ и 21 воздржани го одобри францускиот предлог за Северна Македонија. Бугарија усвои четири услови за влез на Северна Македонија во Унијата- ефикасно имплементирање на Договорот за добрососедство, гаранција за правата на Бугарите во Македонија преку нивното вклучување во Уставот како државотворен народ, дека ништо во пристапниот процес на Македонија нема да биде протолкувано како признавање на македонскиот јазик од страна на Бугарија, и европски гаранции дека бугарските услови ќе биде исполнети. 

Пратениците дебатираа неколку часа за предлогот на француското претседателство за преговарачка рамка на ЕУ за Северна Македонија и Албанијa, при што противниците на идејата за кревање на ветото „Преродба“ и „Има таков народ“ ги повторија тезите за национално единство.

БСП побара да се одложи одлуката додека внимателно не се разгледаат сите детали од документот. Тие сметаа дека е потребно да поминат недели и месеци пред да се донесе одлука и дека е подобро да се почека или да се стабилизира политичката ситуација во земјата, или да се избере нов парламент којшто би би имал легитимитет да одлучува за ова прашање. 

Bulgarien 46. Parlament Toschko Jordanov
Фотографија: BGNES

„Денес е голем ден за македонска свадба, невестата е Русија, а миразот е во копејки“ - ваква забелешка пратеникот од „Продолжуваме со промената“ Искрен Митев упати до лидерот на проруската формација „Преродба“, Костадин Костадинов на расправата за бугарското вето на Северна Македонија.  

Разгледувањето и гласањето на трите предлог-резолуции поднесени од ГЕРБ, ДПС и Демократска Бугарија во последните 48 часа успеаја да ги вратат пратениците во пленарната сала, откако последните две седници пропаднаа немање кворум. 

Бугарската собраниска комисија за надворешни работи синоќа го усвои предлогот на лидерот на владината коалициска партија „Демократска Бугарија“ Христо Иванов со кој се бара бугарската влада во оставка да го одобри таканаречениот „француски предлог“ за решавање на спорот со Северна Македонија, но само доколку се измени за да се исполнат одредени услови. Комисијата ги отфрли другите два предлога, поднесени од ГЕРБ-СДС и од ДПС.