1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Британски шпиони надгледувале учесници на самитот Г20

АТ/ дпа/ афп17 јуни 2013

Финансиската криза беше во полн ек, а делегати од индустриските и земјите во развој во 2009 година се собраа во Лондон на самит на Г20. Она што не го знаеа: некои од нив биле шпионирани.

https://p.dw.com/p/18r1X
Фотографија: Eric Feferberg/AFP/Getty Images

Британската тајна служба, според еден весник, шпионирала делегати на самитот на Г20 во 2009 година во Лондон (на насловната фотографија). Весникот „Гардијан“, повикувајќи се на документи на откривачот на американската програма за шпионирање „Призм“, Едвард Сноуден, информира дека биле надгледувани компјутери и телефонски повици. Меѓу погодените биле НАТО партнерот Турција и Јужноафриканската Република, пишува весникот.

Некои делегации биле наведени на тоа да користат интернет кафулиња, кои претходно ги опремиле тајните служби. На тој начин можела да се следи и-мејл комуникацијата. Со акцијата британската влада очигледно сакала да обезбеди успех во преговорите на самитот, се вели во извештајот. Надгледувањето го спровела Government Communications Headquarters (GCHQ), што е британски пандан на американската тајна служба НСА.

G20 Gipfel in London 2009 Gruppenfoto mit der Königin
Групна фотографија со кралицата Елизабета Втора на самитот Г20 во Лондон, 2009 годинаФотографија: John Stillwell/AFP/Getty Images

Наредба од владата на премиерот Браун

Жртва на акциите во април и во септември 2009 година, според весникот, бил турскиот министер за финансии. Во визирот била и комуникацијата на тогашниот руски претседател Дмитри Медведев со неговата делегација. Наредбата за тоа дошла од владата на тогашниот лабуристички премиер Гордон Браун. Откритијата на „Гардијан“ се совпаѓаат со почетокот на самитот на Г8, чиј домаќин е британскиот премиер Дејвид Камерон.

Деталите за програмата „Призм“ со која американската тајна служба НСА анализирала податоци на корисниците кај големите концерни „Гугл“, „Фејсбук“ и „Мајкрософт“ неодамна беа објавени во два весника. Сноуден, кој се декларираше дека е изворот кој ги информираше медиумите, се наоѓа во Хонгконг.