Британските конзервативци ја почнаа трката за наследник на Тереза Меј | Свет | DW | 10.06.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Британските конзервативци ја почнаа трката за наследник на Тереза Меј

11 кандидати се пријавени за изборот на нов претседател на најстарата политичка партија во Велика Британија и местото на Даунинг Стрит 10.

Конзервативните членови на британскиот парламент денеска ќе ја видат финалната листа на кандидати за лидерското место во партијата кога ќе се затвори огласот во 17 часот. Потоа партискиот комитет од 1922 лица кои агираат од позадина ќе ги разгледува кандидатите кои стигнале до првото гласање што ќе се одржи во четврток попладне.
За сега 11 потврдени кандидати се натпревруваат за првото место во партијата откако поранешниот претседател и актуелна премиерка Тереза Меј писмено достави оставка минатиот петок. Најдобри изгледи за победа имаат поранешниот секретар за надворешни работи и градоначалник на Лондон Борис Џонсон, актуелниот секретар за надворешни работи Џереми Хант, поранешниот претседател на Долниот дом Андреа Лидсом и актуелниот секретар за животна средина Мајкл Гоув.

Како функционира процесот?

Заради големиот број кандидати, ќе има неколку круга гласање меѓу 313 пратеници од редовите на партијата за да се стесни изборот. Два преостанати кандидати потоа ќе бидат ставени на гласање меѓу партиското членство кое се верува дека брои 150 илјади лица, но нема официјални податоци кои би ја потврдиле бројката.
Кампањите меѓу кандидатите за политики и ветувања беа помешани со откритија за нивното однесување кои доведоа до задршки колку всушност поддршка може да добијат. Предизвикот за Мајкл Гоув е да балансира откако во една книга беше објавено дека користел кокаин во повеќе прилики кога работел како новинар пред 20 години. Џонсон исто така во интервју за машкиот магазин ЏиКју во 2007 призна дека пробал кокаин и канабис за време на студентските денови. Хант изјави дека пиел "индиски пијалок со канабис" во Индија, Лидсом пушела трева како студент. Доминик Раб призна дека користел канабис во студентските денови, Рори Стјуарт дека користел опиум во Авганистан, пријател на Мет Хенкок изјави дека тој "пробал канабис неколку пати," додека пак Естер МекВи самата за БиБиси призна дека "пробала трева." Савид Џавид, Марк Харпер и Сем Гујима рекоа дека никогаш не пробале дрога.

Повеќе:

-Тереза Меј: Најлоша премиерка на сите времиња?

-Тереза Меј - збогување со солзи

-Тереза Меј: Британската премиерка се откажува

Падот на Меј

Брегзит беше причината за падот на Меј откако три пати безуспешно се обиде договорот за истапување на Велика Британија од ЕУ да го протне во Парламентот.
додворувајќи им се на хардлајнерите во својата партија, сите кандидати ветуваат дека ќе претстават подобар Брегзит од Меј. Неколкумина се закануваат да ја извадат Велика Британија од ЕУ кон крајот на октомври годинава, без договор. Џонсон рече дека тој ќе одбие да ги плати признаените долгови на Велика Британија кон ЕУ.

Што е следно?

Откако пратениците на конзеративната партија ќе гласаат неделава, двајцата кандидати финалисти во следните недели ќе и им се претстават на партиското членство во серија средби. Партиските членови потоа ќе гласаат. Се очекува одлуката да биде донесена до крајот на јули, навреме за новиот лидер да може да даде изјава во Долниот дом пред да биде прогласена паузата за летен одмор во август. Тие повторно ќе почнат да заседаваат на почетокот на септември.

 

DW.COM

Реклама