1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бојкот на игрите во Москва

Александар Гебеп 14 јули 2008

Што значи да се бојкотираат олимписки игри, светот доживеа во 1980 година за време на летната Олимпијада во Москва.

https://p.dw.com/p/EZo0
Олимписко борилиште, Москва 1980Фотографија: Picture-Alliance /dpa

Студената војна се наоѓаше во својот зенит, кога Олимпијадата западна во вителот на светската политика. Веќе кон средината на 70 години од минатиот век се водеа дискусии доделувањето на игрите на Москва да се услови како на пример со подобрување на човековите права.

Барање да се смени домаќинот на игрите

Откако советските трупи навлегоа во Авганистан, американскиот претседател Џими Картер побара од меѓународниот олимписки комитет, игрите да се префрлат во друг град, да се одложат или целосно да се откажат. Во поинаков случај се заканува бојкот на учесниците од целиот свет и истовремено од американските партнери побара солидарност.

Спротивставени ставови

Својата закана Картер ја превори во реалност: Министрите за надворешни работи на 36те исламски земји, на конференција во Исламабад, како ретко кога покажаа единство со САД за бојкотот, а по налог на Џими Картер, поранешниот боксерски професионалец Мухамед Али патуваше во повеќе африкански земји за да се залага за бојкот на игрите. Во западните земји пак ставовите беа спротвставени. Олимпискиот комитет на САД доби закана, дека ќе сноси финансиски консеквенции доколку испрати спортисти во Москва.

На еден состанок во Рим, повеќе Олимписки комитети на западните земји постигнаа согласнот да учествуваат во игрите, но под услов да не се истакнуваат националните знамиња и да не се свират химни.

Бојкот на штета на спортистите

Во германскиот национален олимписки комитет се развија жестоки дебати: финалното гласање заврши со 59 наспрема 30 гласови за бојкот. Тогашниот преседател на германскиот Олимписки комитет Вили Дауме подоцна оцени дека одлуката е прогрешна „Тоа ништо не донесе, уште помалку за спортистите, тие едноставно изгубија години од нивниот живот, но и политички ништо не донесе. Воопшто ништо, напротив, на крајот ние во западна Европа останавме сосем сами. Тоа беше целосно политички неуспешна работа.“

Олимписките игри ги бојкотираат 64 држави. Бројот на земјите што учествуваа беше помал од 1956 година. Како реакција на овој бојкот, Олимписките игри 1984 година во Лос Анџелес беа бојкотирани од повеќето држави од некогашниот Источен блок.