Борба со ветерници - само три иницијативи на антикорупционерите за 20 години завршиле на суд | Северна Македонија | DW | 27.01.2022
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Борба со ветерници - само три иницијативи на антикорупционерите за 20 години завршиле на суд

Антикорупциската комисија не е задоволна од процесуирањето на нивните предмети. Од 165 иницијативи за кривично гонење, само три завршиле на суд. „Тоа е многу мала бројка“, оценува Билјана Ивановска.

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за 20 години до Јавното обвинителството има доставено 165 иницијативи за кривично гонење, од кои само три завршиле на суд. „Тоа е многу мала бројка“, оценува првата антикорупционерка, Билјана Ивановска.

Таа укажува дека треба да се зајакнат капацитетите во Јавното обвинителство за да можат предметите побрзо да се проследат до судовите.

За изминатите три години, 18 иницијативи се доставени до Јавното обвинителство. „Од овие 18 иницијативи, за шест имаме добиено одговори од кои две се отфрлени, за две е промена на фактичка состојба, а за две иницијативи Јавното обвинителство постапува. Сметам дека Јавното обвинителство да ги зајакне своите капацитети и да работи поекспедитивно“, вели претседателката на Комисијата за спречување корупција. 

ДКСК лани има донесено одлуки за 707 предмети. Од нив 404 одлуки се од областа на корупцијата, 171 од областа на судирот на интереси, 40 одлуки се однесуваат на непочитување на законски одредби за време на изборниот процес, а 92 на проверка на имотот на функционерите. Комисијата покренала и над 794 постапки по сопствена иницијатива, разгледала 819 пријави од граѓани, организации, институции, со сомневање на постоење на корупција, злоупотреба и судир на интереси. 

 

DW.COM