1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Божиќна прослава во Рим

25 декември 2009

Христијанските верници го прославуваат Божиќ. Централната прослава на Христовото раѓање во Рим беше засенета од инцидент. За време на прославата во катедралата Свети Петар, една жена го собори Папата Бенедикт 16.

https://p.dw.com/p/LDK0
Папата Бенедикт ШеснаесеттиФотографија: AP

Во неговата Божиќна проповед во катедралата во Рим Папата Бенедикт Шеснаесетти предупреди од егоизмот. Споровите и непомирувањето во светот водат кон тоа луѓето да бидат заробени во сопствените интереси и желби, рече Папата Бенедикт Шеснаесетти пред верниците во преполната катедрала во Рим. Наместо ова, побара поглаварот на римо-католичката црква, луѓето треба повеќе да се потпрат на Господ и на своите сограѓани. „Времето употребено за Господ и за блискиот никогаш не е загубено време,“ опомена Папата Бенедикт Шеснаесетти за време на двочасовната миса.

Денеска на првиот ден Божиќ, Папата Бенедикт Шеснаесетти на плоштадот Свети Петер ќе го даде традиционалниот божиќен балогослов „Урби ет орби“.

За време на божиќната литургија се случи инцидент

Angriff auf Papst Benedikt / Christmette 2009
Жана го собори ПапатаФотографија: AP

Силите за безбедност не можеа да сопрат една жена, која најверојатно има психички проблеми, и која се обиде да се турне врз Папата. Поглаварот на римо-католичката црква притоа ја загуби рамнотежата и падна на земја. 82 годишниот Папа меѓутоа веднаш потоа се исправи и неповреден се упати кон олтарот, како ништо да не се случило, по што одржа миса. Во мешаницата на земја падна и еден француски кардинал, по што беше однесен во болница. Инцидентот се случи во една од споредните простории на катедралата.

Жената која го предизвика инцидентот во меѓувреме е уапсена од полицијата. Засега не е познато што сакала да постигне со овој потфат, но се вели дека немала „лоши намери“. Според италијанската телевизија, можно е да станува збор за истата жена, која пред една година изврши слична акција.

Автор: АТ/БГ/дв