БМВ гради фабрика во Дебрецин | Економија | DW | 01.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

БМВ гради фабрика во Дебрецин

Германскиот автопроизводител БМВ во унгарскот град Дебрецин гради нова фабрика, која ќе чини околу милијарда евра.

Од фабричката лента во новата фабрика на БМВ во Унгарија би требало да излегуваат 150.000 возила годишно, соопшти германскиот автопроизводител. „По големите инвестиции во Кина, Мекиско и САД, сега го зајакнуваме производството во Европа“, изјави шефот на Управниот одбор на БМВ, Харалд Кригер.

Во Дебрецин, кој се наоѓа на околу 230 километри источно од Будимпешта, би требало да бидат вработени околу 1000 луѓе. БМВ со отворањето фабрика во Унгарија го следи примерот на Ауди и Дајмлер, кои во оваа земја продуцираат со години. Од БМВ велат дека одлуката паднала на Унгарија затоа што земјата има голем број доставувачи и квалификуван персонал. 

Исто како и во другите БМВ-фабрики во Европа, во Дебрецин на иста производствена линија би требало да се продуцираат и бензинци и дизел-возила и електромобили. Кои точно модели ќе се произведуваат во новата фабрика сѐ уште не е соопштено. Фабриката ќе биде помала од фабриките во Динголфинг, Регенсбург, Минхен и Лајпциг, кои работат на границата на капацитет.

Повеќе: Германците и нивните автомобили

БМВ на европскиот пазар продава околу 1,1, милиони автомобили годишно, што претставува околу 45% од вкупното производство во светот.

 

DW.COM

Реклама