Берлин: Полицијата ги прекина демонстрациите на корона-негаторите | Информации и анализи за Германија | DW | 29.08.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Берлин: Полицијата ги прекина демонстрациите на корона-негаторите

Протестот во Берлин против мерките за заштита од коронавирус едвај започна и веднаш излезе од контрола. Бидејќи демонстрантите не ги почитуваа корона-мерките, полицијата започна да го растура протестот.

Полицијата во Берлин, непосредно по почетокот на демонстрациите на противниците на мерките против пандемијата на коронавирусот, нареди да тие да бидат прекинати поради непридржување кон правилата за носење заштитна маска и одржување на физичка дистанца. 

„За жал не ни преостанува ништо друго: на организаторите на протестот им ја соопштивме одлуката за запирање на протестите бидејќи досегашните предупредувања не вродија со придржување кон правилата за одржување протести“, соопшти полицијата на Твитер.

Откако судот ја укина забраната за протести на противниците на мерките против ширење на пандемијата на коронавирусот, што пред неколку дена ја издаде градот Берлин, полицијата објави дека протестите ќе бидат толерирани единствено ако учесниците се придржуваат кон правилата за дистанца и носење заштитни маски, што не беше случај.„Правилото за одржување растојание, и покрај повеќекратното барање прегу разглас, не е испочитувано“, стои во соопштението.

Повеќе:

-Без забрана за демонстрации на корона-негаторите

-Германија дискутира: Каков да биде односот кон анти-корона протестите?

-Коронавирус: Како стравовите од вакцина стануваат теории на заговор

При полициската акција за растурање на демонстрациите, дојде до изолирани безредија и судири меѓу дел од демонстрантите и полицијата. 

Претходно полицијата го процени бројот на учесници на протестот на околу 18.000. Демонстрантите пристигнуваа во Берлин од рано утринава. Во колоната можеа да се видат многубројни знамиња на Русија, Германија, но и знамиња на Германското царство. Се носеа и транспаренти со членовите на германската влада во затворски одела.

Демонстрантите бараа заминување на канцеларката Ангела Меркел и укинување на сите мерки во борбата против ширење на коронавирусот.

На протести повика иницијативата „Queerdenken 711“ од Штутгарт, но и десно-популистичката партија Алтернатива за Германија.

Медиумите јавија дека меѓу демонстрантите има како членови цели семејства, така и припадници на крајната десница.

 

Поврзана содржина

Реклама