Без паника, војна нема да има! | Свет | DW | 23.08.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Без паника, војна нема да има!

Германското министерство за внатрешни работи им препорача на граѓаните да си обезбедат залихи на храна во случај на војна. Звучи како да е Студена војна, но ниту е ново, ниту консеквентно, коментира Матијас Белингер

default

Препораката на министерството наликува на 1948 година, кога Берлин се снабдуваше со храна од воздух

Задача на министерството за внатрешни работи е да алармира. Со децении, министрите предупредуваат од катастрофални сценарија и бараат максимални безбедносни мерки, иако тие често се противуставни. Волфганг Шојбле сакаше да пука во комерцијален авион. Ханс-Петер Фридрих сакаше да воведе „супер право“ кое ќе ги надминува сите утврдени гарантирани права. Ваквите екстремни позиции често се базираат врз претпоставката дека Министерството за внатрешни работи може многу да загуби доколку се случи нешто страшно, но не добива ништо доколку се воздржува. Помалку е важно дали ваквите предлози ќе ја зголемат безбедноста, која е притоа е само чувство.

Тестирање на популистичките води

Томас де Мезиер е министер со поголема предострожност. Но и тој сака одвреме навреме да ги тестира популистичките води. На телевизија навредуваше бегалец- таксист. Во соработка со министрите на покраинско ниво изработи листа на безбедносни мерки за кои и самиот знае дека се нереални. Потоа рече дека не сака да ги прецизира опасностите со кои се соочува земјата, од страв дека Германците нема да можат да заспијат. Не е многу убедлив, но Де Мезиер има осет за привлекување внимание.

DW Bölinger Mathias

Матијас Белингер

Тоа е истиот талент кој доведе до објавување на соопштението од министерството во кое се повикуваат Германците да си направат залихи во случај на војна. Нели е тоа на линија со безбедносната изјава која беше дадена во тандем со колегите од владејачката ЦДУ? Има ли тоа врска со вежбата за заштита во случај на катастрофа која се одржа истата недела? Дали е ова само заплашување, како што смета опозицијата?

Без напади врз супермаркетите

Не баш. Препораката за правење залихи на храна е дел од владиниот план за заштита. Сојузната агенција за цивилна заштита на својата интернет-страница нуди препораки како да се подготвите за целосен крах на инфраструктурата во период од две недели. На Германците таа препорака им е актуелна колку и веста за надминувањето на блокадата на Берлин во 1948 година. Оваа препорака нема да ги натера луѓето да се затрчаат кон супермаркетите. Во најдобар случај, само ќе ги потресе.

Реклама