Афера Агрокор: Тодориќ во затвор или по азил во Лондон? | Свет | DW | 19.10.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Афера Агрокор: Тодориќ во затвор или по азил во Лондон?

Доколку Ивица Тодориќ не се појави во следните три дена во Хрватска, судот по него ќе распише потерница, а потоа ќе бара и негово израчување. Можно е дека адвокатите на Тодориќ ќе бараат азил во Британија.

Жупанискиот суд во Загреб во средата му одреди едномесечен притвор на Ивица Тодориќ, сопственикот на Агрокор. Притоа, сите 12 спектакуларно уапсени поранешни менаџери на Агрокор, како и на ревизорската куќа која го контролирала работењето на концернот, се пуштени да се бранат од слобода.
Нивното пуштање е на некој начин и логично- доколку сакале да влијаат врз некого, или нешто да сокријат, имаа и повеќе од доволно време во изминатите шест месеци од воведувањето на принудната управа во Агрокор. Деновиве се шушка дека голем дел од документацијата на Агрокор била копирана, а некои документи, наводно, исчезнале. А токму документите се клучни, не сведоците, тврди адвокатот на Пирошка Цањуга, една од осомничените менаџерки на Агрокор, Анто Нобило. „Тука е важна финансиската форензика, а не сведоците, се е во документите, патот на парите, сметките, договорите“, вели Нобило.

Kroatien Verhaftungen im Fall Agrokor (picture-alliance/AP Photo/D. Bandic)

Хрватската полиција изврши претрес и во домот на Тодориќ во Загреб

Што ќе реши британскиот суд?

Ивица Тодориќ, пак, доби притвор иако преку својот блог во последниот месец упорно тврди дека против него се води политички процес и дека се работи за државен грабеж на приватен имот. Сѐ тоа се причини за барање азил во Велика Британија во која угледот на хрватската држава и на правосудството не е голем. Британските судови се почувствителни кога се работи за заштита на обвинетите, а особено кога ќе се спомене терминот „политички прогон“, а составот на преседаните во британското право ја прави таквата одбрана полесна. Статистиката исто така не им оди во прилог на барателите на израчување- од повеќе од 55 илјади барања кои Британија ги примила од 2009 година, израчувањето се случило во само 7,5 илјади случаи.
Доколку Тодориќ е навистина во Лондон и не се појави во следните три дена, како што наводно и ветил на полицијата, судот ќе заклучи дека е во бегство, и по него ќе распише потерница, а државата, откако ќе утврди точно каде се наоѓа ќе мора да побара негова екстрадиција.

Kroatien Zagreb - Anwalt Antonio Volarevic (Privat)

Антонио Воларевиќ


Адвокатот Антонио Воларевиќ, експерт за кривично право и стопански криминал појаснува дека рокот за екстрадиција на Тодориќ би бил 60 дена, доколку Хрватска издаде европски налог за апсење. Можно е бараното лице и самото да даде согласност за екстрадиција. „Но, доколку тоа не се случи, постапката за израчување се спроведува во неколку фази, од поднесување на европскиот налог за апсење, издавање сертификат за взаемност, апсење, иницијално сослушување, и клучната фаза: последно екстрадициско сослушување, на кое, судејќи по информациите во медиумите, лондонските адвокати на Тодориќ ќе настојуваат да ја спречат неговата екстрадиција во Хрватска. Тие аргументи се веќе наведени во блогот на Тодориќ“, вели Воларевиќ.

 

DW.COM

Реклама