(Аудио) Комплетните снимки од разговорите меѓу Камчев и Јовановски | Северна Македонија | DW | 09.08.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

(Аудио) Комплетните снимки од разговорите меѓу Камчев и Јовановски

Италијанскиот весник Ла Верита веќе објави две серии разговори меѓу актерите во аферата „Рекет“, но во меѓувреме ги направи достапни сите снимки кои ги поседува на оваа тема. Тука можете да ги слушнете во аудио формат

Аудио документација во траење од над 12 минути утрово осамна на Јутјуб во која се пренесуваат серија разговори меѓу Јордан Камчев, Бојан Јовановски, Зоран Милевски поврзани со случајот „Рекет“, а во еден момент се појавува и гласот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Не се работи само за последниот текст во весникот Ла Верита во кој е вклучено и видео со четири разговори, туку, како што велат од весникот, „за комплетните снимки од разговорите во случајот Рекет“.

Делумно транскрибираните разговори можете да ги прочитате тука. 

Сепак, голема е веројатноста дека тоа не е се што се однесува до материјалите на Камчев. Според сознанија на ДВ, Камчев располагал со докази од повеќечасовен снимен материјал. 
Се работи за вкупно осум разговори меѓу сведокот-жртва и осомничените во случајот „Рекет“. 
Сите разговори можете да ги слушнете во нашиот Подкаст: 

слушај аудио 12:34

Разговорите меѓу Камчев и Јовановски


 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама