Атентат во Косовска Митровица: Убиен е Оливер Ивановиќ | Свет | DW | 16.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Атентат во Косовска Митровица: Убиен е Оливер Ивановиќ

Еден од најважните српски политичари на Косово, Оливер Ивановиќ е смртно застрелан од огнено оружје утрината во атентат во Косовска Митровица.

Врз лидерот на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“ Оливер Ивановиќ е пукано утрината пред седиштето на неговата партија во северниот дел на Митровица. Адвокатот на Ивановиќ за српските медиуми изјави дека политичарот им подлегнал на повредите во 9 часот и 30 минути. Тој веднаш по атенатот бил префрлен во болница, а одделни медиуми пренесоа дека е примен со повеќе прострелни рани во горниот дел од телото. .

Полицијата пред канцеларијата на Ивановиќ пронашла 3 чаури, потврди Ксенија Божовиќ од неговата Граѓанска иницијатива „Србија, демократија, правда“ за Радио слободна Европа. Атентатот е извршен додека Ивановиќ влегувал во просториите на партијата. Весникот „Блиц“ пренесува оти Ивановиќ е убиен со 5 куршуми од заседа.

Северниот дел на Митровица е блокиран од силни сили на Косовската полиција која трага по лицето кое пукало на Ивановиќ. Блокиран е и просторот околу седиштето на партијата.

Оливер Ивановиќ повеќе од 2 години помина во притвор поради наводно воено злосторство. Пуштен е да се брани од слобода во април минатата година. Во јули на Ивановиќ му беше запален автомобилот во улицата Иво Лола Рибар во Митровица.

Повеќе на темата:

-Апсењето на Ивановиќ предизвикува недоумици

-Доказите против Ивановиќ постоеле од 2000. година

-Оливер Ивановиќ уапсен за воени злосторства

„Се чувствувам безбедно, не се плашам од никого и од ништо. Воопшто не може да ме уплаши такво нешто. Но ја сфатив пораката. Пораката е: Не се кандидирај на изборите на 22 октомври“, рече Ивановиќ во интервју за ДВ во август минатата година.

Поради убиството на Ивановиќ, српската делегација во Брисел денеска ги прекина преговорите за продолжување на дијалогот со Приштина и итно се враќа во Белград. Српските медиуми јавуваат дека претседатеот на Србија, Александар Вучиќ за 12 часот закажал седница на Советот за национална безбедност и по неа ќе ѝ се обрати на јавноста.

 

DW.COM

Реклама