Апелација пресече - Мијалков пред Нова година излегува од притвор | Северна Македонија | DW | 29.12.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Апелација пресече - Мијалков пред Нова година излегува од притвор

Апелацискиот суд ја прифати жалбата на одбраната за притворот кој му беше определен во случајот „Плацеви на Водно“.

Поранешниот шеф на тајната служба, Сашо Мијалков, пред Нова година, сепак, ќе излезе од притвор. Апелацискиот суд ја прифати жалбата на одбраната за притворот кој му беше определен во случајот „Плацеви на Водно“. Претходно повисокиот суд ја прифати гаранцијата во имот вреден 11 милиони евра дека Мијалков нема да избега од државата.

Мијалков се наоѓа во Затворот „Скопје“  од 26 февруари годинава, откако претходно неколку дена беше во куќен притвор. Мерка притвор му беше изречена и за предметот „Трезор“, каде е неправосилно осуден на осум години затвор. Тој има првостепена пресуда и во случајот „Таргет – Тврдина“ со која е осуден на 12 години затвор, а обвинет е и во случаите „Плацеви на Водно“ и „Титаник 2“. Осомничен е за неколку предмети.

Одлуката да биде пуштен од притвор следи откако минатата недела (22.12.2021 година) за неполни 12 часа, поранешниот шеф на УБК беше ослободен од притвор од Апелацискиот суд, а потоа доби нов притвор од Основниот кривичен суд по барање на обвинителството, но за друг предмет. Ваквиот развој на настаните отвори бројни дилеми во јавноста.  Министерот за правда, Бојан Маричиќ, тогаш ја критикуваше одлуката на Апелација, оценувајќи дека таа „ја намалува и онака разнишаната доверба на граѓаните во судовите“.