Ангела Меркел повторно силно се тресеше на јавна церемонија | Информации и анализи за Германија | DW | 27.06.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Ангела Меркел повторно силно се тресеше на јавна церемонија

Само осум дена по нејзиниот напад на тресење на јавен настан, кој предизвика големо внимание во јавноста, германската канцеларка денеска повторно имаше исти проблеми.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска повторно силно се тресеше за време на официјална церемонија во Берлин. Краткиот инцидент се случи во затворен простор, додека Меркел стоеше покрај германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер на церемонијата на именување на новата министерка за правда Кристина Лембрехт во претседателската палата Белви во германската престолнина. 

На германската канцеларка, која изгледаше нестабилно и се тресеше, ѝ беше понудена чаша вода, која таа ја одби. Половина час подоцна, кога пристигна во Бундестагот, таа изгледаше сосема добро.

Гледај видео 00:51

Меркел повторно силно се тресеше на јавна церемонија

Минатата недела германската канцеларка силно се тресеше за време на официјалниот дочек на новиот украински претседател Володимир Зеленски, додека стоеше до него за време на интонирањето на химните на двете земји. Меркел, која во јули ќе наполни 65 години, потоа изјави дека се чувствува добро и овој напад на тресење го објасни со фактот дека на тој жежок ден пиела премалку течности.

Во Германија и деновиве, владее бран на горештини со досега рекордни температури за јуни. Во Берлин меѓутоа денеска е поладно. Меркел се тресеше цели две минути и постојано ги преклопуваше рацете, очигледно за да не ја загуби контролата.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама